• Latest
Славјанка Петровска/ Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Петровска: Процесот на европско интегрирање станува безбедносно прашање

June 20, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Петровска: Процесот на европско интегрирање станува безбедносно прашање

June 20, 2022 11:34
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Славјанка Петровска/ Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Славјанка Петровска/ Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Самитот на НАТО годинава ќе се одржи во Мадрид и е од клучна важност за Алијансата, како и за Македонија која е нејзината 30-та земја членка, затоа што на овој самит ќе биде усвоена промена на стратешкиот концепт за првпат по 12 години.

Со САД почнаа стратешките разговори во кои се опфатени повеќе сфери, меѓу кои и одбраната.

-Станува збор за сеопфатен стратешки дијалог со САД кој се прошири и на области во кои досега помалку сме соработувале. Во сферата на одбраната со САД од одамна имаме одлична соработка, а со членството во НАТО нашата позиција е подигната на повисоко ниво. САД на МО и АРЦМ доделија 40 милиони долари за модернизација на Армијата, процес кој веќе е започнат врз основа на долгорочниот план за развој, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата, за Утрински брифинг.

Таа додаде дека модернизацијата значи замена на стара воена опрема и надградување со нова воена опрема.

Ние сме членка на НАТО, но сме мала држава со ограничени воени капацитети. Но новиот стратешки концепт на Алијансата нѐ засега и нас. НАТО и е основан пред сѐ за европска безбедност,

-Политички гледано, во НАТО сите држави членки се еднакви без оглед на тоа какви се нивните реални воени капацитети. Што се однесува до новиот Стратегиски концепт ние ќе треба да се прилагодиме исто како и другите. Светот многу се промени во последните 12 години, но НАТО има стратегија за справување со новите предизвици и таа ќе се спроведе, вели Петровска.

Дел од новиот стратегиски концепт на НАТО е справување со пропагандата.

-Македонија не е под влијание на пропагандата отсега, туку хибридните закани траат со години. Како што клучни прашања добиваа на интензитет така хибридните дејствија се зголемуваа. Бугарија е поизложена на такви дејствија кои се премногу очигледни, но и ние треба да бидеме подготвени, вели Петровска.

Петровска вели дека сега е време кога земјите треба да се определат на која страна се, оти има и земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, па оттука процесот на европско интегрирање станува безбедносно прашање.

Петровска ги коментираше и мизогините напади со кои се соочува на социјалните мрежи.

-Јас сум подготвена секогаш да разговарам за она што го работам и подготвена сум да истрпам и критика. Што се однесува до оние недолични коментари за мене кои не се поврзани со мојата работа, можат да кажам само дека и тие се дел од таа хибридна војна, а целта им беше да загубам кураж и да се повлечам, вели мининистрката за одбрана.

Петровска вели дека родовите политики се менуваат и во МО и во АРСМ и дека таа е подготвена да поддржи предлог за прва жена генерал, но додава дека тоа не треба да се направи затоа што некој е жена туку напредувањато во Армијата да биде по способност и покажани резултати во работата.

Македонија спорот со Бугарија многу ја чини и политички и економски. Во земјата почнува да се крева и антибугарско расположение. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во мај беше во посета на Софија.

-Би сакала соработката со Бугарија во сите сфери да биде како соработката во одбрана. На тамошните школи се школуваат наши луѓе. Меѓусебната соработка е како меѓу две рамноправни земји членки на НАТО, заклучува Петровска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ