• Latest

Пецас: Позитивно е што одново ќе се разгледа прашањето за европерспективата на земјите од Западен Балкан

October 30, 2019
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
Фотографија објавена од руските власти од она што тие го тврдат како последица од нападот со дронови во Ростовската област во текот на ноќта на 21 октомври 2025 година. Фото: Јуриј Сљусар/Телеграм

Масивен украински напад со дронови врз руските Брјанска и Ростовска област

October 21, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Втор круг во 33 општини, првиот круг ќе се повтори во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

October 21, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пецас: Позитивно е што одново ќе се разгледа прашањето за европерспективата на земјите од Западен Балкан

October 30, 2019 13:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е позитивно тоа што во заклучоците од Европскиот совет е споменато дека прашањето за европската перспектива на Западен Балкан одново ќе се разгледа во следните месеци, рече портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Пецас истакна дека Грција „навистина е за европска перспектива“ на земјите од регионот, објасни дека грчкиот премиер и дома и во странство, секогаш потенцира дека земјата го поддржува Западен Балкан на патот кон ЕУ, „бидејќи е во интерес и на самите земји и во интерес на Европа и во интерес на Грција“.

– Ние очекуваме да видиме како ќе се развие дискусијата на ниво на Европската унија. Многу е позитивен фактот што во текстот со заклучоците на Европскиот совет постои тоа дека за ова прашање одново ќе се разговара во следните месеци и во секој случај пред пролет. Според тоа, тука сме да го поддржиме она што го кажуваме дека навистина сме за европска перспектива на земјите од Западен Балкан, рече Пецас.

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот на грчката влада го повтори ставот дека тие сметаат дека во Договорот од Преспа постојат елементи што се понаклонети кон едната страна, а како пример го спомена спроведувањето на ерга омнес.

-Она што сакам да го кажам е дека овој Договор е потпишан, ратификуван. Ние направивме сѐ и да не се потпише и да не се ратификува од грчкиот Парламент. Велевме и предупредувавме дека постојат елементи што се понаклонети кон едната страна, едно од тие е спроведувањето на ерга омнес и како што се покажа веќе постојат завршени работи, правни и политички како што е влезот на нашата соседна земја во НАТО, објасни портпаролот на грчката влада.

Во однос на комисијата за трговските ознаки, Пецас рече дека заштитата на македонските производи и понатаму е едно од главните прашања за грчката влада кога говори за подобрување на „штетниот договор“.

-Ја градиме нашата позиција во однос на заштитата на македонските производи. Како што знаете тоа е едно од најосновните прашања што ги истакнавме кога велиме дека сакаме да го подобриме овој штетен договор и ќе направиме сѐ за да ги заштитиме имињата „македонско/македонски“ на етикетите или производите на грчките компании. Тоа е нешто што е во тек, рече Пецас и додаде дека во суштина, комисијата за трговски ознаки формирана од претходната влада „не донесе резултати“.

Минатата седмица грчкиот премиер во Солун одржа состанок со претставници на организациите и здруженијата на производители на кој присуствуваа и градоначалникот и надлежниот префект, а една од темите беа трговските ознаки. Паралелно во грчките медиуми се појавија информации дека станало збор за промена на терминот „Macedonia“ во „Makedonia“ за грчките производи во странство, нешто што предизвика реакции во Грција.

Владиниот портпарол, на денешниот редовен брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека целата таа дискусија официјално беше демантирана и не се разговарало за такво нешто.

-Она што треба да очекувате се резултатите од оваа комисија, која што ќе започне да работи. Но, прашањето не е само комисијата и македонските производи, кога гледаме дека имаме таков развој на настаните, другата страна да смета дека треба одново да разгледа различни работи што се поврзани со Договорот од Преспа. Овде сме, ќе ги видиме останатите работи во следните месеци, рече Пецас. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ