„Конференцијата е ден пред меѓународниот ден на толеранцијата, и сметавме дека оваа година треба да го посветиме на оваа група, бидејќи сметаме дека државата не прави доволно за тие да можат да ги уживаат сите права како и другите граѓани на Република Македонија“, изјави извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, како најава за утрешниот Меѓународен ден на толеранцијата.
Конференцијата „Очи за еднаквост“ ќе се одржи на 15 ноември, во 11 часот, во хотел „Арка“.
По конференцијата, одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранција, ќе започне и Маршот за толеранција со почеток во 15 часот, пред Музејот на град Скопје.
„Пораката е да не се гледа различноста, да се гледа со срцето. Луѓето кои што се различни од нас сепак се еднакви и во правата и во однос на законите кои што важат во Република Македонија.“, додаде Пировска.
Според Пировска, државата не се грижи доволно за оваа категорија граѓанки и граѓани за да ги уживаат сите права како и сите останати.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента