• Latest

Писателот Попески: Институциите да го санкционираат тој што во мое име ширеше говор на омраза на Фејсбук

July 23, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Писателот Попески: Институциите да го санкционираат тој што во мое име ширеше говор на омраза на Фејсбук

Ова се монструми и државата треба да ги санкционира за да не нè вознемируваат. Тоа не е својствено за мене, јас ги сакам сите и немам проблем со никого. Кога прочитав што се пишува во мое име, јас се згрозив, и не можев да спијам цела ноќ, едвај чекав да се раздени за да одам да пријавам“, вели со солзи во очите Попески кој беше вознемирен поради случката.

July 23, 2021 16:48
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Отакако вчера ЦИВИЛ Медиа алармираше дека е злоупотребен идентитетот на писателот Наум Попески, денес веќе не постои лажниот Фејсбук профил со истото име, преку кој се ширеше експлицитен говор на омраза поттикнувајќи етничка и верска нетрпеливост.

„Откако вчера ми се јавивте вие од ЦИВИЛ, јас веднаш отидов во полициска станица, од таму ме упатија во „Пролеќе“, а од таму ме упатија во МТВ на трети спрат да пријавам. Вчера не работеа и отидов денес, но и денес не направија ништо, не знам зашто. Добро е тоа што денес се смирија провокациите, веќе тој профил не постои, меѓутоа многу ме вознемири тоа“, возбудено раскажува писателот Попески за камерата на ЦИВИЛ Ммедиа.

„Ова првпат ми се случува и се чудам како може еден нормален ум да користи такви грозотии, да се служи со таква омраза тоа е неверојатно. Ова се монструми и државата треба да ги санкционира за да не нè вознемируваат. Тоа не е својствено за мене, јас ги сакам сите и немам проблем со никого. Кога прочитав што се пишува во мое име, јас се згрозив, и не можев да спијам цела ноќ, едвај чекав да се раздени за да одам да пријавам“, вели со солзи во очите Попески кој беше вознемирен поради случката.

Тој додаде дека цел живот пишува поезија и работи со деца, и неговите пораки се сите да се дружат, да другаруваат, да се сакаат и да не се мразат.

„Ќе биде лошо ако институциите не го санкционираат таквиот човек со болен ум, тој и понатаму ќе продолжи некој друг да вознемирува и да му нанесува трауми“, нагласи Попески.

ЦИВИЛ Центар за слобода бара од надлежните институции, особено од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, како и од Јавното обвинителство, час поскоро да го открие тој/таа што шири ваква омраза, а соодветните институции (ЈО и судовите) имаат обврска да поведат соодветна законска постапка за санкционирање на ваквите противзаконски дејства.

Дехран Муратов

камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result