• Latest

План за решавање на проблемот со загадувањето

May 29, 2017

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

План за решавање на проблемот со загадувањето

May 29, 2017 11:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе граѓански организации, во очекување на формирање на нова влада, презентираа план за управување со загадувањето во Македонија. ЦИВИЛ Медиа разговараше со Невена Смилевска, проектен координатор во „Еко-свест“, организација која е една од потписничките на планот. Планот за управување опфаќа сеопфатна анализа на закони, регулативи и механизми за справување со горливиот национален проблем со амбиенталниот воздух.

„Планот го подготвуваме од минатата година кога седум организации се одлучија на координирана акција, со цел подготовка на стратегија за решавање на проблемот со загадувањето. На планот работевме во координација со надлежни институции и министерства, со исклучок на МВР, со кое не успеавме да закажеме средба. Разговаравме за тоа каде тие ги идентификуваат проблемите, а работевме и на конкретни мерки“, истакна Смилевска.

Планот бил презентиран во Град Скопје, оттаму не го поддржаа, но по два месеца објавија свој план за справување со загадувањето, во кој, како што вели Смилевска, се вклучени дел од нивните мерки.

„Планот го презентиравме и во Министерството за животна средина, сега знаеме дека ќе има нов министер но административната служба останува. Сепак, очекуваме и средба со новиот министер, затоа што аерозагадувањето е приоритетен проблем што во изминатите 5-6 години никој не го решава“, вели Смилевска која потенцира дека доколку не сакаме да се соочиме со истите проблеми во октомври,  проблемот треба да почне да се решава од денес.

Планот за управување опфаќа сеопфатна анализа на закони, регулативи и механизми за справување со горливиот национален проблем со амбиенталниот воздух.

За секторот сообраќај, здруженијата препорачуваат општините да изработат посебни сообраќајни планови при зголемено загадување и да ги достават на одобрување во МВР, далеку пред почетокот на есента. За јавниот сообраќај би се вовеле стимулации за јавен превоз. Истовремено, како мерка е посочена и потребата од друг јавен превоз – воведување  на тролејбус, трамвај или урбано шинско возило, каде тоа е возможно. За индустријата е потенцирана примена на принципот „загадувачот плаќа“.

Во Македонија се евидентирани 117 големи индустриски инсталации кои треба да обезбедат А-еколошка дозвола. До 2013 година ресорното Министерството имаше издадено само 23 еколошки дозволи (од кои 15 А-дозволи за усогласување со оперативен план и 8 А-интегрирани еколошки дозволи), односно, за период од 6 години беа издадени околу 19% од потребните дозволи. Оттука, организациите препорачуваат сите индустриски капацитети во државата да мораат да добијат А-интегрирана дозвола и да работат според НДТ.

Околу домаќинствата, потенцирано е дека одреден број социјално загрозени семејства користат несоодветен или опасен отпад (пластика, синтетика, гуми, отпадно масло) за затоплување. Ова е голем и речиси нерешлив проблем поради сериозно нискиот стандард на живеачка.

„Овие семејства треба да имаат алтернатива за материјалите, но и за методот на затоплување. Постојат повеќе мерки кои можат да се применат, како на пример, донирање на огревен материјал, донирање на печки со висок степен на целосно согорување, едукација на принципот од врата до врата… Дополнително, граѓаните може да се стимулираат да се вклучат (или вратат) на централно парно греење, да се субвенционираат при набавка на пелети и соларни фотоволтации“, стои во документот.

Во однос на дестимулацијата на горење дрва, генерално постои сфаќањето дека поради недостиг од други опции, дрвото како огревен материјал е најчестиот и најефтиниот избор. Напротив, велат авторите на Планот, тоа треба да биде последен избор. Овој проблем дополнително е влошен поради нелегалната сеча и продажбата на дрвниот материјал за уште помала цена.

Во однос на енергетската ефикасност, организациите препорачуваат да се обезбедат финансии за поддршка на мерки за заштеда и ефикасно користење на енергијата, како и користење на обновливи извори, официјално дефинирање на „енергетска сиромаштија“ во законот, субвенционирање на трошоците за греење и давање помош за подобрување на енергетската ефикасност на домот на оние семејства кои влегуваат во категоријата на енергетски сиромашни корисници (не само на корисниците на социјална помош).

Организациите препорачуваат и регулација во поставувањето на калориметри во колективното централно греење, да се воведе енергетската контрола за сите објекти, а итно да се воспостави и Фонд за енергетска ефикасност. Тој примарно да биде достапен за граѓаните и објектите од јавен интерес (училишта, градинки, болници и други здравствени установи).

Како други хоризонтални мерки се наведени дополнувањето со нови и редовно одржување на постоечките мерни станици за квалитет на амбиентниот воздух.

„Разгледување на можноста за пренос на дел од надлежностите од Град Скопје на општините и на другите институции, организации и експертски тела, со што одредени мерки би се имплементирале од нивна страна во име на Градот“, стои во документот.

На планот за управување потпишани се „Еко-свест“, „Аналитика“, „Центарот за климатски промени“, ОРТ, „Македонски зелен центар“ и „Реактор“.

Планот за управување со загадувањето во Македонија е дел од проектот „Заедно за чист воздух“, финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аерозагадувањевладавоздухЕко-свестекологијаПлан за управување
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ