• Latest

Порака од Скопје: Планот за раст – јасна поддршка за ефикасна интеграција на Западен Балкан во ЕУ, клучна соработката во регионот

January 23, 2024

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Порака од Скопје: Планот за раст – јасна поддршка за ефикасна интеграција на Западен Балкан во ЕУ, клучна соработката во регионот

January 23, 2024 08:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот за Планот за раст за регионот што се одржа вчера во Скопје усвоија Заедничка изјава, со која се обврзаа за развој на шесте држави по европски стандарди и го нагласија огромното значење на соработката во регионот, како стратешки сојуз на државите од Западен Балкан, за постигнување на заедничка цел – членство во Европската Унија.

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан по состанокот на лидерите, истакна дека Планот за раст е досега најсериозната политичка потврда од Европската Унија дека тие имаат конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан.

-Во овие клучни моменти за прогресот на регионот, а пред сè за македонската европска иднина, ЕУ и САД од овде, од Скопје испратија јасна порака за поддршката на ефикасната интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Воедно, испратија и порака дека во тој процес, сметаат на проевропските државни лидерства, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека Планот за раст е конкретна акција на ЕУ за зголемена регионална соработка и вклучување на земјите од Западен Балкан на заедничкиот европски пазар, а со усвојувањето на заедничка декларација лидерите ја потврдиле заложбата за спроведување на активностие од Планот кои, пред се, напомена, се однесуваат на реформите и на унапредување на соработката.

Во контекст на Северна Македонија, Ковачевски подвлече дека земјавата веќе три децении е во пристапниот процес и има добар степен на усогласеност на нашето закондавство со правото на ЕУ од над 50 проценти.

 

Прес-конференција на лидерите од Западен Балкан по состанокот посветен на Планот за раст, што го усвои Европската комисија.

Тој како домаќин на завршниот меѓународен настан во неговиот, како што вели, прв мандат како премиер, се заблагодари на сите за партнерството и соработката.

-Заедно поминавме низ многу предизвици, се држевме едни со други и ги здруживме силите кога тоа беше потребно. Верувам дека и во следниот мандат ќе ја продолжиме и интензивираме проевропската агенда која нашите граѓани ја очекуваат од нас. Регионот, Северна Македонија припаѓа во ЕУ, и тоа е процес кој е започнат и нема да застане. ЕУ е нашата единствена алтернатива и стратешка цел. И затоа и тука, и пред вас ќе повторам – со политичка волја и напорна работа, нема недостижна цел, рече Ковачевски заблагодарувајќи се на меѓународните партнери и лидерите од регионот  за денешната исклучително важна средба посветена на Планот за раст.

Помошникот државен секретар О’ Брајан пак порача дека регионот никогаш не бил поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри.

The goal of the US sanctions related to corruption is to see a change in the behavior of the individuals on the list and their associates; the US wants people to get used to using all tools a

-Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата, ајде да ја завршиме практичната работа. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача тој во обраќањето на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Според О’Брајaн, во процесот никој нема никого да блокира, ниту има право на вето. Никој нема да го сопре другиот да напредува поради некакви нерешени билатерални спорови, а секоја земја што ќе се обиде да го направи тоа, ќе се соочи со последици.

Во следните неколку месеци се очекуваат и практични иницијативи, а освен за слободниот проток на луѓе, стоки и услуги и за единствената европска зона за плаќање, меѓу лидерите се разговарало, како што откри О’Брајaн, и за други идеи како што се производството, преносот и трговијата на електричната енергија.

Генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Герт Јан Копман, пред почетокот, порача дека Планот за раст е потенцијален иницијатор на промени за регионот и може двојно да ја зголеми големината на економиите во следната декада. -Навистина е мотивирачки да се види како регионот го прифати концептот и работи напорно на реформите, кои ќе помогнат да се овозможи растот, изјави Копман.

Планот за раст нуди значителни придобивки и за постојните 27 земји членки на ЕУ. Повеќе царински олеснувања, подобра гранична инфраструктура, интегрирање на системот за регистрација на компан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за Планот за раст на ЕУ,  вели дека ќе дадат се од себе да ги спроведат реформите за да добијат можност за пристап до тие финансиски средства што е можно порано заедно со сите останати земји. Уверен е дека работејќи само сите заедно на тој план, можен е голем напредок.

-Ова е прв пат да се состанеме, а да зборуваме само за економија, а не за големи политички прашања за кои постојат значајни разлики меѓу нас и мислам дека тоа е добар предуслов за напредок на самиот регион и луѓето да ги почувствуваат придобивките од она што го работиме, изјави Вучиќ пред состанокот.

И албанскиот премиер Еди Рама истакна дека новиот План за раст и интеграција на заедничкиот пазар, е нешто што досега беше можно само за земјите откако ќе станат  дел од ЕУ.

-Тоа е важна промена и одлична можност што не треба да ја пропуштиме. Затоа е од клучно значење сите шест земји од Западен Балкан да ги ставиме нашите граѓани на прво место и да ја оставиме политиката и историјата, бидејќи се што ќе направиме и успееме да завршиме во следните месеци, ќе го дефинира начинот, како нашите држави ќе изгледаат на крајот од оваа декада, изјави Рама.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, порача дека Планот за раст на ЕУ претставува одлична можност за сите и претсавува важен сигнал, не само за земјите од Западен Балкан, туку и за бизнисите, кои што сакаат да инвестираат во регионот.

Косовскиот премиер Албин Курти, истакна дека средбата во Скопје за Планот за раст, е многу важна, бидејќи ќе овозможи поголема регионална соработка и забрзан напредок кон ЕУ што е, вели, наша цел и наша судбина.

Со реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, нагласи тој, земјите од Западен Балкан треба двојно да го зголемат БДП-то по глава на жител, односно од просечни шест илјади евра по глава на жител во регионот, на просечни 12 илјади евра по глава на жител во следните 10 години.

Во фокусот на средбата во Скопје биле два од четирите столбови на Планот за раст за Западен Балкан на ЕУ и тоа за заедничкиот регионален пазар и европскиот единствен пазар, кои играат клучна улога во ослободувањето на економскиот потенцијал на регионот. Се очекува тоа да ги отвори вратите за локалните бизниси и работници кон регионот и кон Европа, а воедно и ќе го направат регионот попривлечен за европските и светските инвеститори. Преку прифаќање и примена на стандардите на ЕУ, заедничкиот регионален пазар се очекува да делува како отскочна даска кон европскиот единствен пазар. Во бројки, изразено, регионална економија со нешто над 100 милијарди евра БДП и 17 милиони жители, претендира да се приклучи на пазар од 450 милиони жители, со БДП над 15 трилиони евра. БДП на земјите од регионот во однос на ЕУ е само 0,6 отсто. Воедно, со воспоставувањето и зајакнувањето на воспоставениот регионален пазар се очекува економиите на шесте земји да пораснат за околу 10 отсто.

Планот за раст беше усвоен од ЕК на 8 ноември, лани. Тој се уште не поминал на Советот на ЕУ и се очекува да се најде на една од неговите наредни седници.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗападен Балкан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ