• Latest

По 15 ноември ќе биде ставен во функција третиот блок на РЕК Битола

November 2, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

По 15 ноември ќе биде ставен во функција третиот блок на РЕК Битола

November 2, 2022 15:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Трансформаторот за третиот блок на РЕК Битола кој се изработува во фабрика во близина на Анкара во Турција е готов, технички е испитан и е подготвен за транспорт, истакна денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Тој нагласи дека трансформаторот со вкупна тежина од над 240 тони треба да се донесе до термоелектраната со специјален патен транспорт со композиција долга околу 54 метри за што се потребни специјални дозволи од Турција, Грција и од нашата земја.

-Од компанијата која го испорачува трансформаторот имаме информација дека се чека уште да се комплетира и подготви специјалната документација од Грција за да може тргне транспортот. Транспортот ќе трае од 10 до 12 дена и се очекува трансформаторот да пристигне во РЕК Битола околу 15 ноември што е 15 дена повеќе од она што го планиравме, но е согласно со рокот за испорака кој е до 15 ноември, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што истакна, согласно планот за производство се предвидува од 15 ноември да биде вклучен во работа третиот блок во РЕК Битола, а вториот блок да биде во ремонт во траење од 20 дена.

-Ние тоа ќе го направиме во моментот кога ќе биде пристигнат трансформаторот и ќе биде приклучен на системот со што блокот 3 ќе биде вклучен да испорачува електрична енергија на мрежа, а блокот 2 ќе биде исклучен за да се завршат ремонтните активност за да можат сите три блокови да бидат подготвени за грејната сезона, рече Ковачевски.

Посочи дека ЕСМ со капацитетите кои се сега вклучени во мрежата – блока 2 и блок 1 во РЕК Битола, термоелектраната Осломеј и хидропотенцијалот во целост ги задоволува потребите на ЕВН хоум, на ЕВН дистрибуција и на МЕПСО, како и на договорните органи кон кои испорачува енергија по препорака на Владата, односно здравствените и јавните институции и сите за кои се планира во наредниот период да бидат снабдувани од ЕСМ.

-Во прилог ни одат поволните временски услови заради кои конзумот во овој период од годината е намален за 15 проценти на дневна основа. Во ТЕЦ Неготино се прават ремонтни активности на генераторскиот дел кои треба да завршат до крајот на месецов по што со полн капацитет ќе биде ставен во функција. Со тоа од 1 декември со намалувањето на температурите и со зголемувањето на конзумот веќе ќе ги имаме ставено во функција и блок 3 и ТЕЦ Неготино, прецизира Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ