• Latest

По Мијалков, и конфискуваниот имот на Никола Груевски на јавна аукција

July 6, 2023
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По Мијалков, и конфискуваниот имот на Никола Груевски на јавна аукција

July 6, 2023 13:24
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се следи процедура и многу брзо нелегалниот стекнат имот на поранешниот премиер Никола Грувески ќе биде на јавна беразнска аукција. Четри недвижнини му се веќе одземени и со нив раководи нашата дирекција. Нема да има компромис за ниту еден поранешен функционер кој ја злоупотребил службената положба и се збогатил на сметка на државата. Имотот на сите ќе биде конфискуван и продаден“, изјави за „Фронтлајн“, Дритон Небиу – директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Дритон Небиу
Дритон Небиу

– Во државниот буџет досега се префрлени 6.100.000 евра. Имотот изнесува 14.144.000 евра. Акциите кои котираат на Македонската берза се во вредност од 351.853 евра и истите ќе бидат понудени на аукција по одлуката на Владата на Република Северна Македонија. Агенцијата постапи со скратена процедура против Никола Груевски на кој му се одземени четри недвижнини. За истото барање за оцена е доставено до министерот за правда-Биро за правно вештачење. По поднесените оценки, за за нив ќе биде започната процедурата за продажба, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

Башким Селмани
Башким Селмани

Башким Селмани, професор по кривично право за „Фронтлајн“ вели дека, за жал, случаите од ваков карактер се застарени на тивок начин со тивки политички препораки и тоа ги зголемува дилемите за пропусти во институционалното извршување.

– Кривично-правните постапки предвидуваат ваква форма на решение, по правосилноста на пресудата. Државата и извршните институции се должни да преземат извршни дејствија за условите и начинот на извршување на извршната пресуда, нагласи Селмани.

На 19 јули на јавна беразнска аукција ќе можe да се купуваат акцииите на Сашо Мијалков конфискувани во премтот Империја. Шест милиони кеш пари легнал на сметка на владата, но се очекуваа зелено светло за распродажба на стнаовите и парцелите во Гевгелиај и Охрид. Мијалков доби три години затвор, додека државата за возврат 30 милиони евра. Мијалков, вложи 30 милиони евра во готовина и недвижини за висината на казната од три години за перење пари во „Империја“. Во случајот Империја, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди во предметот Империја. Со спогодбата, Мијалков е осуден на три години затвор, а му беше одземен имот во вредност од околу 30 милиони евра меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Покрај за имотите на Мијалков од случајот „Империја“, се очекува конфискација и за „Трансмет“ и Бачило“ на Иснифарис Џемаили, случаи кои веќе подолго време се заглавени во лавиринтите на институциите

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Од друга страна Министерството за правда изготви предлог закон со кој се изнајдени решенија за извршувањето на неспроведливите конфискации и за менаџирање со одземениот имот. Со предложените измени се зајакнува улогата и се зголемува одговорноста на Управниот одбор на Агенцијата, се унапредуваат начините на продажба на конфискуваниот имот преку предвидување на дополнителни начини за продажба, се воведува можноста за првенствено купување на сосопствениците на одземените или конфискувани предмети кои што се во сосопственост.

Најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на недоволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот и слично.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Башким СелманиДритон НебиуконфискацијаНикола ГрувескиСашо Мијалков
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ