Зоран Заев од собраниската говорница се обрати пред пратениците да започнат со расправа за уставните промени.
„Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско, како дома, така и во странство, преведено без ограничувања на сите јазици во светот, македонски идентитет за севкупна употреба, конечно. Грција веќе не го оспорува нашето право на себеопределување… Имаме договор со јасни обележја на нашата македонска посебност. Имаме договор за јазик и идентитет што се македонски, од нашата држава којашто ќе носи име признаено од целиот свет, Република Северна Македонија… Израз на нашата посветеност да најдеме решение што е во интерес на нашата земја… Овој Договор е чекорот што не извлекува од минатото и ни ги отвора вратите кон иднината… Изборот не може да биде појасен… Секој глас „против“ е глас за изолација… “, беше дел од обраќањето на Заев пред пратениците.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/217482642536171/
Заев се заблагодари на СДСМ и коалицијата, осумте независни пратеници од ВМРО –ДПМНЕ, на Беса на Биљал Касами, на Алијансата за Албанците, ДУИ, ДПА, како и на пратеникот Панчо Минов, за нивната улога во процесот кон уставни промени, очекувајќи дека Беса на Биљал Касами ќе останат на истиот, заеднички пат, кон НАТО и ЕУ.
По неговиот говор, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата, а продолжението на 32 собраниска седница ја најави за утре, 10 јануари, со почеток во 13 часот.
текст и фото (архива): Б. Јордановска