• Latest

По разрешувањето на Јанева, утре ќе се регулира статусот на останатите обвинители во СЈО

September 15, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По разрешувањето на Јанева, утре ќе се регулира статусот на останатите обвинители во СЈО

September 15, 2019 10:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“ веќе е разрешена. Останува да се регулира статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство, бидејќи согласно законот нивниот  мандат не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. За нив, Советот на јавни обвинители ќе расправа утре на седница.

Јанева беше разрешена вчера на вонредна седница на Советот на јавни обвинители свикана доцна вечерва откако претходно Парламентот едногласно го усвои предлогот за нејзино разрешување.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по седницата изјави дека Јанева едногласно е разрешена поради  незаконско, нестручно и несовесно работење, а одлуката за нејзино разрешување стапува веднаш на сила и ќе биде објавена во службените гласила согласно процедурата.

За јавните обвинители кои се дел од СЈО, како што посочи Колевски, ќе мора да се применат одредбите од Законот за Специјалното јавно обвинителство за претставник на нивната функција.

– Тоа в понедленик ќе го констатираме со одлука. Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност, потенцира вчера Колевски.

Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

Продолжи вчера на 112-тата седница на Собранието на Република Северна Македонија кога едногласно со 102 гласа „за“ без воздржани и против, како и со 27 гласа „за“ од припадници од заедниците кои не се мнозинство беше даден предлог за разрешување на Јанева. Парламентарните партии беа единствени во ставот за разрешувањето на Јанева, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ ги повторија своите различни позиции и гледишта за тоа какво треба да биде јавното обвинителство во кое треба да биде инкорпорирано СЈО. Тие меѓусебно се обвинуваа за правен хаос, штитење на криминалот, злоупотреби на правосудниот систем, пропаѓање на случаите на СЈО и нивно запирање. Веднаш по завршувањето на седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители кој на вонредна седница ја потврди одлуката за разрешување.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истекуваше денеска. Таа поднесе оставка на 15 јули веднаш по објавувањето на аферата „Рекет“ и апсењето на прво и второ осомничениот – Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ