• Latest
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025 13:50
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Мишев: Очекувам валкана изборна кампања

ДРАГАН МИШЕВ

Извесна естрадна иницијатива, насловенка како „Концертен караван“ од 26.08 до 24.09, со постер кој се споделува во елекстронска форма, на кој нема конкретни информации – кој го организира, во кој градови ќе се случува – каде стои само почетниот и крајниот датум и едно лого во левиот агол од кое можете едвај да се прочита „Македонијо во срце те носиме“, го привлекува вниманието на јавноста и на корисниците на социјалните мрежи, и според тајмингот избран за одржување, како и според учесниците на него.

Еден корисник на социјалната мрежа Х, во објавата во која го споделува постерот за Концертниот караван, иронично вели:

„Во Македонија ние не велиме “предизборни хепенинзи на државна сметка”, туку велиме “концертен караван” и јас мислам дека тоа е прекрасно“.

Во Македонија ние не велиме “предизборни хепенинзи на државна сметка”, туку велиме “концертен караван” и јас мислам дека тоа е прекрасно 😍 pic.twitter.com/RCJO3B0uNO

— Чак на Ориз (@ChakNaOriz) July 30, 2025

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека нема лошо кога караванов нема да се организира заедно со предизборна кампања, со констатација дека:

„Истиве пеачи во караван, истиве во кампања. Проѕирно малку“.

На медиумите речиси и да нема информација за овогодинешниот настан, освен кога пребарувањето според логото од левата страна на постерот – „Македонијо во срце те носиме“, ќе ве одведе до истоимената фејсбук страна, на која покрај видеата со песни од изведувачи кои се наоѓаат на постерот,  на кавер фотката исто така стои најавата за Концертниот караван, со истите штури информации.

На страницата се споделени и линкови со благодарност за поддршката од неколку медиуми (блиски до партијата на власт), каде најавите за песните се придружени со ист текст во кој се наведува дека „Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е повеќе од музика – тој е патриотска мисија, културно будење и звук на националното единство. Под уметничка закрила на Скендеровски продукција“.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа се обрати до Скендеровски продукција за информации во врска со Концертниот караван од 26.08 до 24.09, за тоа кој го финансиера караванот, кој се спонзори и донатори на истиот.

До денес не добивме одговор.

Како основачи/сопственици на Скендеровски продукција, со по 50% учество се појавуваат Васил Скендеровски и Бојана Скендеровски, позната по изведбата на препевот на „Заветна“ која стана химна на ВМРО ДПМНЕ, изведувана на партиски митинзи и собиранки пред и за време на минатите парламентарни и претседателски избори, на кои учествуваа и речиси сите пејачи кои се појавуваат на плакатот за Концертниот караван.

Како што објави Државната изборна комисија (ДИК), според законот изборната кампања за првиот криг почнува на 29 септември во 00.00 часот и трае непрекинато до 17 октомври до 24 часот. За вториот круг изборната кампања трае до 31 октомври до 24 часот.

Дали со Концертниот караван организиран од 26.08 до 24.09, означен како патриотска мисија, културно будење и звук на националното единство, составен исклучиво од пејачки и пејачи – учесници на претходни изборни митинзи на една партија, уште еднаш се изнаоѓа начин да се заобиколат законските рокови, и трката за локалните избори да се започне пред предвидениот рок?

Tags: изборна кампањаКонцертен караван
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ