• Latest

Победија разумот и дијалогот, на ред е Грција

January 11, 2019
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се рапспишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Победија разумот и дијалогот, на ред е Грција

January 11, 2019 20:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По долги преговарања и несогласувања, со опозиција надвор од Собранието и протести пред пратеничкиот дом, конечно долго очекуваните уставни измени се изгласаа со 81 глас „за“ и ниту еден против. 

Собранието  ги усвои четирите уставни амандмани предвидени со Преспанскиот договор. Со прифаќање на амандманите 33, 34, 35 и 36  тие стануваат дел од Уставот.

„Република Македонија“ со амандманот 33 се заменуваа со  „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

Со амандманот 35 се гарантира дека државата „го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави: Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и Република Србија“.

Со прогласување на уставните амандмани се усвои и уставниот закон со кој се регулира државјанството како „македонско – граѓанин на Република Северна Македонија“.

Претходно седницата се одложуваше од 12 часот, додека траеа преговорите меѓу Владата како предлагач на уставните измени и партијата „Беса“ на Биљал Касами. Крајната одлука беше барањата на „Беса“ да бидат земени предвид во други законски решенија, но да не влезат во Уставот.

Барањата на „Беса“ на Касами и на Алијансата на Албанците се поклопуваа околу Преамбулата, односно за предлог амандманот 34, каде според нив се издвојуваше македонскиот народ од другите.

ВМРО -ДПМНЕ континуирано продложија со приказната дека се врши притисок врз пратениците да гласаат. Нивниот став дека со уставните промени ќе згасне македонскиот идентитет и дека власта работи против националните интереси не се промени.

Од потпишувањето на Преспанскиот договор на 17 јуни 2018, тензичноста кон конечната одлука постојано растеше. Освен опозициската ВМРО -ДПМНЕ што го искористи целиот овој период за протести, паралелно тоа го направија и Единствена Македонија, Тврдокорни, како и „Бојкотирам“, што своите активности против уставните измени ги интензивираа пред и по Референдумот во 2018.

Референдумот кој беше консултативен, помина со протести и црни кампањи,  но сепак се оцени како демократски, од едната страна и неважечки и незаконит, од другата страна.

Протестите конитунуирано продолжија, а не застанаа ниту во последните три дена. Секој ден околку стотина граѓани протестираа повикувајќи на оставка на премиерот Зоран Заев, одбрана на уставноста на државата и сочувување на македонскиот идентитет и јазик.

Осумтте одвоени пратеници од ВМРО – ДПМНЕ ги поддржаа уставните измени. Пред гласањето на денешната, пресудна седница, Канческа Милеска дури и ги обвини доскорешните сопартијци на лажен патриотизам, со оглед на нивното отсуство од пратеничкиот дом и упорното инаетење да бидат запомнети како дел од овој историски процес.

Христијан Мицкоски, пак, конечната одлука на пратениците за промена на Уставот, ја оцени како нелегитимна и насилна, сметајќи дека 81 глас на пратениците не се гласови на целиот македонски народ. Реториката на ВМРО – ДПМНЕ, како и на останатите противници на Преспанскиот договор не се промени, постојано се зборуваше на Македонија на македонскиот народ, изоставувајќи ги останатите народности.

Во своето обраќање повика и на предвремени парламентарни избори, што би се одвивале паралелно со претседателските избори во мај годинава.

Претседателот на државата, Ѓорѓи Иванов, не го поддржуваше Преспанскиот договор. Дури и во годишното обраќање во Собранието, тој им посочи на пратениците дека не ја испочитувале волјата на народот што, како што изјави била јасна и недвосмислена.

Од силните патроти се јави и екс -премиерот, осудениот и пребегнат, Никола Груевски, кој на својот фејсбук профил загрижен за иднината на Македонија, ,рече дека со својата одлука мнозинството во Собранието става „црн печат“ на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Крајно, „патриотски“ и дијаспорски од негова страна.

Како и да е, Владата честиташе, честиташе и меѓународната заедница, но овој дел од процесот е на половина завршен. На потег е Грција. Со желба, по можност, одлуките да се носат брзо и позитивно и за двете земји.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share145Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ