• Latest

Почеток на примената на Преспанскиот договор

February 9, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почеток на примената на Преспанскиот договор

February 9, 2019 09:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот Парламент синоќа, по 11 часа расправа, го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Протоколот во грчкиот Парламент беше ратификуван со 153 гласа „за“, 140 гласа „против“ и еден воздржан.

Грција е првата земја, членка на НАТО, која го ратификуваше пристапниот Протокол, кој треба да помине во парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, по што Македонија ќе стане триесеттата членка на Алијансата.

„Балканот доби нова држава“, „Грција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО“, „Грчкиот Парламент прв го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО“, се насловите кои осамнаа во медиумите од регионот, кои со голем интерес ја покриваат ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Според прогнозите Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија.

По ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на грчкиот Парламент следува спроведувањето на мерките и активностите што ги најави македонската Влада за извршување на обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

Владата веќе формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Колку ќе чини целиот процес од Владата засега не откриваат, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши целата постапка.

Промената на уставното име на Македонија следува по потпишувањето на Договорот од Преспа и неговата ратификација во парламентите на двете држави. По 27-годишен спор со Грција, Македонија ќе го промени името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.

Со решавањето на повеќедеценискиот спор за името, во средата во Брисел беше потпишан Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО од страна на амбасадорите на 29-те земји-членки на Алијансата.

М. И.

Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ