• Latest

Почитувањето на протоколите за заштита клучно за активностите за пописот

March 6, 2021

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Почитувањето на протоколите за заштита клучно за активностите за пописот

March 6, 2021 09:36
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Првата фаза од пописот се одвива тековно, согласно со пропишаните безбедносни протоколи и според властите и надлежните институции, нема причина тој да се одложи. Постои интерес кај нашето нерезидентно население да се самопопише.

Според објавата на веб страницата на Државниот завод за статистика, заклучно со вчера во 8 часот, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани 25 878 лица.

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да се одложи спроведувањето на пописот, бидејќи, како што изјави, тој се организира по сите протоколи за заштита. Резултатите од овој попис, според него, се исклучително важни за економската иднина на државата, и затоа тој треба да се спроведе.

“Веројатно некои земји може да си дозволат да одложат, но тие имаат направено пописи пред десеттина години, а ние немаме попис речиси дваесет години. Немањето податоци носи неправди, носи нерамноправност кај граѓаните и нееднаквост, а институциите на локално и централно ниво ги става во положба да работат во магла, во непознато, така што пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април со резидентите. Тој е веќе почнат со попишување на дијаспората. Враќање нема, треба сите да преземеме одговорост и да учествуваме во оваа статистичка операција која е најпотребна за развој на економските мерки перспективи и иднина на државата“, рече вчера премиерот Заев. 

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски оцени дека во овие моменти има услови да се спроведе пописот на терен, но секој поединец мора да ги почитува безбедносните протоколи.

„Комисијата за заразни болести апсолутно ја следи состојбата на дневна основа. Ако ситуацијата дојде таква да спроведувањето на пописот биде нецилисходно и Комисијата препорача одлагање, ние апсолутно ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опсност и да бидеме причина за ширење на вирусот, истакна Симовски“, одговарајќи на новинарско прашање  по неговата средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи и претставници на трите најголеми верски заедници во земјава.

Во однос на изборот за попишувачи, Симовски изјави дека на првиот конкурс во 15-16 региони не се пријавиле доволен број попишувачи, поради што е објавен дополнителен конкурс што треба да заврши во недела.

Шефот на дипломатијата Османи пак истакна дека според информациите кои ги имаат, пописот се одвива тековно и има заинтересираност кај нашето нерезидентно население да се самопопишува. Во првите неколку дена над 25 000 лица се самопопишале, додаде Османи и рече дека очекува процесот да продолжи со уште поголема динамика откако на вчерашната средба од лидерите на трите најголеми верски заедници во државава, добил силна поддршка за статистичката операција.

„Сметавме дека верските заедници може да одиграат важна улога во овој процес, прво затоа што покрај нашата дипломатско – конзуларна мрежа која е максимално ангажирана во информирање на нашата дијаспора за овој процес, за техничките аспекти на процесот на самопопишување, верските заедници имаат широка мрежа на распространетост или покривање и тие се присутни на сите континенти. Нашата дијаспора во значителен број е организирана и од верски организации…Денеска од тројцата лидери на верските заедници добивме силна поддршка на овој процес со силни пораки кои ќе ги пратат преку својата мрежа до верниците, до иселениците за потребата од самопопишување како најдобриот начин за добивање точни податоци за нашите граѓани таму,.. Имаме историска шанса да добиеме јасна слика колку не има во светот и како тоа да го ставиме во функција на понатамошен развој на државата, но и да им помогнеме на ислениците во нивните секојдневни животи“, додаде Османи по средбата на која покрај директорот на ДЗС Симовски присуствуваше и директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски.

 

Со првата фаза на пописот што стартуваше на почетокот на месецов  покрај самопопсшувањето на лицата кои престојуваат во странство, се опфатени и казнено –поправните установи, бездомните лица, лицата ангажирани во Армијата на Северна Македонија, дипломатско- конзуларни претставништва и претставници во меѓународните институции.Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 треба да се спроведе од 1 до 21 април, годинава.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ