• Latest

Почна седницата за поставување пратенички прашања

December 30, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почна седницата за поставување пратенички прашања

December 30, 2020 13:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија започна седницата за поставување пратенички прашања, прва по 100-те дена од изборот на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

Седницата започна со одговорите на писмено поставените прашања, а претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски апелираше до претседателот на Собранието за време на одржување на седниците за пратенички прашања да нема дополнително оптоварување на пратениците со седници на други комисии. Дел од пратениците, како што кажа, треба да присуствуваат на седниците на комисиите за европски прашања и за прашања на изборите и именувањата, како и на Законодавно правната комисија. Побара од премиерот Зоран Заев да влијае на овие состојби повикувајќи се на она што е наведено во нивната програма „План за живот“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека никому не му е одземено правото да учествува и да поставува прашања бидејќи списокот е подготвен секој пратеник знае кога ќе поставува прашање. Побара координаторите на пратеничките групи да влијаат на претседателите на комисиите за тоа кога ќе бидат закажани седниците. Исто така, Џафери рече дека додека е тој претседател на Собранието, нема да дозволи премиерот да влијае на работата на Парламентот.

За неделни пратенички прашања, како што кажа тој, треба да направат соодветни измени во Деловникот за работа на Собранието.

-Не е проблемот во Владата туку во нас како законодавен дом што не сме ја завршиле таа работа, рече претседателот на Собранието.

Пленарната седница ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност имаат пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица. Секое трето прашање на седницата ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ. На списокот за денешната седница се запишани имињата на 29 пратеници кои ќе поставуваат прашања

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ