Мониториг тимот на ЦИВИЛ известува дека во синоќешната партиска средба на подмладокот на ДИУ пред партиското седиште во Серава, Чаир, се прекршени здравствените мерки и препораки. Од објавените фотографии може да се забележи дека речиси никој не носи заштитна маска и воопшто не се одржува растојание.
Ваквата средба на подмладокот на ДУИ е пример како не треба да се одржуваат партиски средби.
ЦИВИЛ пред неколку дена испрати прашања до политичките партии како и на кој начин ќе се борат да се спречи ширењето на Ковид-19.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ