Обвинителството за организиран криминал и корупција во петокот поднесе обвинението против поранешниот Генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, за спорните набавки на софтвери за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација на гласачи.
Обвинителството, со кое раководи Вилма Русковска, до Кривичниот суд во Скопје, освен за Рашковски, поднело обвинение и против уште шест други лица кои се товарат за проблематичните набавки на софтвери. Ваквиот развој на настаните го најави обвинителката Русковска уште на 21 септември годинава, кога објави дека се завршени вештачењата и дека истрагата, во која беа споени два предмета, влегува во завршна фаза со испрашување на осомничените.
Ова доаѓа после отворената истрага за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци кој никогаш не бил искористен, но и за биометриска идентификација на гласачи, за што постоеја сомнежи дека е негов личен изум.
Рашковски го дочекува обвинението додека ја издржува мерката куќен притвор, иако Обвинителството бараше да му биде изречена мерката зтворски притвор.Рашковски, за време наиздрување на мерката, беше забелешан како слободно шета надвор, за што судот излезе со обрразложение дека бил пуштен на лекарски преглед.