Categories

УЈП Поедноставни процедури за персоналниот данок

Управата за јавни приходи денеска ќе го промовира проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за даночни обврзници – физички лица. Проектот се имплементираше во изминатата година и е финансиран од ЕУ во вредност од 98.530 евра.

Од УЈП сметаат дека проектот ќе овозможи поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и за граѓаните.

Фокусот на проектот е намалување на административниот товар и трошоците за пресметка и плаќање на даноците, зголемување на  даночната ефикасност и следењето на наплатата на персоналниот данок на доход.

Во рамките на проектот развиени се нови веб базирани и кориснички ориентирани даночни услуги „е-Персонален данок на доход“ за пријавување и плаќање на персонален данок на доход од страна на граѓаните и фирмите и зајакнати се капацитетите на Управата за јавни приходи за одржување и понатамошен развој на системот.

Со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година по усвојувањето на измените наЗаконот за персонален данок на доход.

Преку системот e-pdd.ujp.gov.mk ќе се овозможи издавање на пополнета Годишна даночна пријава од страна на УЈП во 2019 година за приходите кои граѓаните ги оствариле во 2018 година.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email