Украинските војници, кои беа однесени од Азовстал во руско заробеништво, легално ја бранеа земјата, затоа подготовката на таканаречените „Мариуполски кафези“ за лажно судење е официјално воено злосторство на Русија, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, пренесува Укринформ.
„Сите воени затвореници, а особено бранителите на „Азовстал“ се борци кои легално ја бранеа својата земја. Затоа, „Мариуполските кафези“ се официјално воено злосторство на Русија. Време е МКЦК и претседателот на МКЦК Питер Маурер да се сетат на нивната цел и да размислат за својата репутација“, напиша Подољак.
Во привремено заземениот Мариупол, руските напаѓачи почнале да поставуваат затворски кафези во Камерната филхармонија Мариупол за да спроведат лажно судење на украинските воени затвореници.
Подготви: Д.Мишев