ИЗБОРИ Политичките партии до недела ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори 2021 закажани за 17 октомври, поради деновите на жалост по пожарот на модуларната Ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица. Сепак, партиите и независните кандидати кои сакаат да учествуваат на изборите мораат да ги запазат роковите предвидени од Државната изборна комисија (ДИК). Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во Избирачкиот список, а утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии.
ЖИВОТНА СРЕДИНА Јавна дебата „Состојбите во животната средина – управување со отпад“, на платформата ЗООМ во 12 часот.
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Во Паркот МКЦ во Скопје денеска ќе се одржи Младинскиот самит за климатски промени кој има за цел да ги вклучи младите во климатските политики и да ја зајакне младинската мрежа за климатска акција. Како што информираат организаторите, Процесот на вклучување на младите ќе биде преку алатката „U-report“ и присуство на Самитот за климатски промени.
СРЕДБА Претседателот на Парламентарната група на Собранието за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, Зеќир Рамчиловиќ ќе има средба со членовите на Фондацијата „Алија Изетбеговиќ“ од Босна и Херцеговина.