Categories

ЈАВНИ ПАРИ Политичкото финансирање нејасно и неизвесно

Пред почетокот на изборната кампања со одлука на Владата се распределија 100 милиони денари (1.6 милиони евра) за финансирање на политичките партии од државниот буџет во изборна кампања.

Овие средства се наменети за покривање на сите трошоци за рекламирање во телевизиите, весниците и интернет-порталите во првиот круг.

Трошоците за митинзи, билборди или изборен материјал ќе бидат обврска на кандидатите или партиите што ги поддржуваат.

Овие пари треба да ги распредели ДИК. Партиите, пак, имаа обврска во првите десет дена од кампањата да ги известат колку пари потрошиле, а на крајот да достават детален извештај.

Пендаровски, Силјановска и Река, според правилата, за своја промоција во кампањата можеа да потрошат по 3,2 милиони евра односно по 110 денари за секој запишан избирач од 1.808.131 гласачи колку што се запишани во Избирачкиот список.

Но, како што изгледа, ДИК нема сосема јасна слика како тие средства ќе ги распределат меѓу сите, имајќи ги предвид и забелешките што се однесуваат на Избирачкиот список, кој и за овие избори претрпе значителни промени.

За тоа колку распределбата на државните средства ќе предизвика проблеми, а колку и ДИК е спремна, Заменик главен државен ревизор, Насер Адеми, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, потврди дека уште не е прецизирано како ќе се делат парите меѓу тројцата кандидати. Адеми објасни дека ДИК прв пат се соочуваат со ваква ситуација, а тие како ДЗР можат, законски, да извршат ревизија и во ДИК и да видат кои се предизвиците, да дадат препораки или некоја сугестија за следните изборни процеси.

Како и да е, на кандидатите им останува уште денешниот ден до полноќ за промоција, по што настапува изборниот молк што ќе трае до недела 19 часот по затворање на избирачките места.

За перидот меѓу првиот и вториот изборен круг, пак, на 5 мај, средства од буџетот на државата за политичките партии не се предвидени.

Биљана Јордановска


Илустрација: Мирослав Стојановиќ -Шуки

 

Print Friendly, PDF & Email