• Latest

Политико: Кој би можел да го замени Путин

September 29, 2022
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политико: Кој би можел да го замени Путин

September 29, 2022 18:50
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Катастрофалната воена авантура на рускиот претседател Владимир Путин во Украина ја зголемува можноста за „негативен крај“ на неговото 22-годишно владеење, пишува во анализа европското издание „Политико“.

„Дури и да не го признаат тоа јавно, руската војска трпи големи загуби во Украина, што наложи најава за мобилизација, иако делумна. Сепак, овој претседателски декрет доведе до вистински хаос во Русија, протести и илјадници млади момчиња кои се предмет на мобилизација, кои се упатуваат кон границите, но во обид да не завршат во Украина. Ова најверојатно ќе биде фактор за промена на власта во земјата, но се уште не може да се предвиди дали оставката на Путин ќе биде доброволна или тој ќе биде сменет од власт – дали од сопствениот народ или од опозицијата“, се наведува во анализата.

Се додава дека во текот на годините на неговото владеење, 69-годишниот Владимир Путин направи се за да ги отстрани потенцијалните замени, вклучително и од неговиот близок круг. Го промени Уставот за да го заобиколи ограничувањето на претседателскиот мандат и воопшто не подготвува замена. Но, последните случувања, како што е наведено, сугерираат дека тоа би можело да се промени.

„Политико“ ги разгледува можните кандидати за замена на рускиот претседател и колку тоа би било опасно за Западот.

Првото сценарио што се разгледува е Путин да го избере својот наследник.

Најверојатен кандидат, како што е посочено, е „супершпионот“ Николај Патрушев, кој е секретар на Федералната служба за безбедност на Русија и многу близок со рускиот претседател. „Поранешниот агент на ФСБ изгледа опасно за Западот – уште пред Путин да ја нареди неговата воена операција во Украина, тој го обвини Вашингтон дека се обидува да ја растури Руската Федерација“, стои во текстот.

„Политико“ пишува дека во моментов, Путин го поминува поголемиот дел од своето време во Кремљ, но Патрушев е многу активен на меѓународно ниво и често ја посетува Кина. Но, како што е наведено, неговата слабост е неговата возраст – 71 година. „Очекувањата се дека Патрушев привремено ќе ја извршува функцијата руски претседател доколку биде номиниран. Веројатноста тој да биде следниот претседател на Русија е голема, а голема е оценета и опасноста за Западот“, анализира весникот.

„Како што често се случува во Русија и под диктаторски режими, она што таткото не може да го направи може да му се пренесе на синот – 44-годишниот Дмитриј Патрушев, кој е претставник на новата генерација во руската политика. Од 2018 година е министер за земјоделство. Неговото образование е поврзано со академијата на ФСБ, но веројатноста дека е миленик на рускиот претседател е минимална, минимална е и заканата за Западот“, се наведува во анализата.

Инаку, во Русија често се коментира дека Владимир Путин не ги подготвува своите деца за високи позиции во Кремљ. Во последниве месеци, неговата помлада ќерка, Катерина Тихонова, беше повидлива во политичкиот живот – во јули беше назначена за претседател на Координативниот совет за замена на увозот и технолошка независност на Руската унија на индустрија и претприемачи. Сепак, според руските опозиционери, амбициите на Катерина не можат да бидат големи, бидејќи руското општество, сепак, тешко ќе прифати жена на чело на државата.

Затоа, „Политико“ како можност го посочува на второто место Дмитриј Медведев. Според весникот, рускиот претседател има целосна доверба во него и двајцата се заедно од 2008 година, кога актуелниот потпретседател на Советот за безбедност му беше десна рака во Санкт Петербург.

Медведев веќе беше претседател на Русија, а за време на неговиот мандат воведе многу модернизации. Според шпекулациите во Русија, актуелниот претседател не е искушуван од новите технологии – тој нема паметен телефон и не пристапува на Интернет. Медведев два мандата беше премиер на Русија, а од 2020 година повторно е заменик на Путин, но сега во Советот за безбедност.

„Сепак, колку е опасен за Западот е тешко да се процени – на својот канал Телеграм често се заканува со нуклеарни напади и уништување на Украина. Официјално, сепак, 57-годишниот Медведев нема такви изјави. Затоа, оценката за него е дека веројатноста тој да го замени Путин не е мала, а опасноста за Западот е умерена“, се наведува во анализата.

„Телохранителот“ Алексеј Дјумин еднаш веќе го спаси Владимир Путин, пукајќи од неговиот службен пиштол во мечка која го нападна сегашниот претседател во планините. (Мечката преживува). Жестоко лојален, ветеран на Федералната служба за безбедност и вклучен во анексијата на Крим во 2014 година, тој се рекламира како миленик на Путин.

Но, токму овој негов статус го прави многу ранлив на „дворски игри“ во Кремљ. Затоа, „Политико“ го посочува како не особено веројатна замена, но дека опасноста за Западот е висока.

Членот 92.3 од рускиот устав вели дека во сите случаи кога претседателот не е способен да ги извршува своите должности, „нив привремено ќе ги извршува“ премиерот. Тоа го става Михаил Мишустин во пол-позиција да ја преземе функцијата вршител на должноста шеф на државата доколку Путин сериозно се разболе или биде убиен. Мишустин (56) беше главен даночник во Русија пред да биде именуван за премиер во 2020 година, кога Путин ги протурка тие уставни промени кои, ефективно, му го отворија патот да стане доживотен претседател.

Мишустин служеше како лојален кризен менаџер, работејќи на минимизирање на економските последици од западните санкции. Но, постои потенцијален пресврт: ако Путин е неспособен, уставот не му дозволува експлицитно да се врати доколку закрепне.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ