Меѓународниот ден на човекови права, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ денеска во Куманово, со почеток во 12 часот, ќе го обележи со јавна дебата „Политичко учество на лицата со попреченост“
Политичкото право е загарантирано право во демократските земји и не се однесува само на политичкиот и изборниот процес туку подразбира и активна вклученост со делување во сите развојните процеси.
Дебата треба да придонесе кон разбирање дека политичкото и изборното учество им овозможува на лицата со попреченост да добијат можности и ресурси што се неопходни за целосно учество во сите останати процеси во општеството. Исто така, ова право треба да обезбеди поголемо учество на граѓаните со попреченост во процесот на донесување одлуки што влијаат врз нивниот живот и врз остварувањето на основните права и слобода, благосостојба и заштита.
Јавната дебата е со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество чија главна цел е овозможување на поголемо учество на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Македонија, независно гласање, без помош и/или влијание од другите.
Дебатата ќе се одржи во големата сала на Општина Куманово, поранешен Комитет.