Полицијата денеска привела 97 странски државјани кои работеле на градилиште во центарот на Скопје, а кои немале регулиран престој и работеле непријавени.
Според информациите кои ги соопшти МВР, градилиштето каде била спроведена контролата е помеѓу булеварот „Кирил и Методиј“ и улицата „Јордан Мијалков“, односно зад трговскиот центар Рамстор. Станува збор за градежни објекти на фирма од Турција.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против работниците ќе бидат поднесени пријави, а истото ги очекува и турската фирма и 15 други фирми ангажирани како подизведувачи.