Владата на Словачка утрово одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири МиГ.
Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив не се во функција. Тие што работат ќе ги испратат, а останатите ќе одат по резервни делови. Словачка, исто така, ќе снабдува дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.
Сојузниците на НАТО, како Полска и Словачка, беа особено гласни во својата поддршка за Киев откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година. Данскaтa премиерка Мете Фредриксен вчера објави дека западните земји сè уште дебатираат дали да испратат борбен авиони за Украина.
„Ова е нешто за што разговараме во групата сојузнички земји. Тоа е голема желба на Украина“, рече Фредриксен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати побара од западните сојузници да испратат борбени авиони во Украина, кои тој ги опиша како „крилја на слободата“.
САД и Велика Британија одбија да испратат борбени авиони во Украина во јануари, но минатиот месец Бен Валас, британскиот секретар за одбрана, изјави дека Британија е подготвена да ги испрати авионите на своите сојузници во источна Европа.
Ова ќе им овозможи на членките на НАТО од Источна Европа да испратат свои борбени авиони од советско производство во Украина, како што сега објавија Полска и Словачка.