По вчерашниот втор круг од локалните избори, партиите имаат рок од 48 часа по завршување на гласањето, да поднесат приговори до Државната изборна комисија. Комисијата, пак е должна, во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука, јавува МИА.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
Секој избирач кому му е повредено личното избирачко право, во постапката може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа од завршувањето на гласањето. ДИК има рок 24 часа да одлучи по ваквите приговори.
Вчера до ДИК имаше поднесено четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила, зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.