• Latest

Понудена оставка на Филипче: „Топката“ е во рацете на Заев

September 10, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Понудена оставка на Филипче: „Топката“ е во рацете на Заев

September 10, 2021 21:45
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче покажа човечки и професионален интегритет и чувство за морална одговорност понудувајќи оставка од морални причини од неговата министерска позиција. Нешто пред него, оставка, како „највисок морален чин“ и почит кон жртвите, поднесе и неговиот заменик, Илир Хасани, како и двајцата раководители на Тетовската болница, Бесими и Етеми, чувствувајќи морална одговорност за трагедијата во нивниот ковид-центар.

„Како лекар и министер имам интегритет, затоа од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, изјави Филипче на прес-конференцијата. Тој го повтори својот став, повторуван неколку пати во јавноста деновиве, дека трагедијата во тетовската модуларна болница многу го погодила и повторно изрази сочувство до семејствата на загинатите.

„Жалам за загинатите, сочувствувам со семeјствата. Нема зборови што тоа може да го опишат, ниту начин да се надомести загубата“, кажа Филипче, заблагодарувајќи се на сите кои веруваа во него и го поддржуваа во неговата работа, како и во одговорните задачи и предизвици со кои се соочувал особено во последните осумнаесетина месеци, за време на пандемијата.

Оставката на Филипче „висеше во воздух“ во последните два дена и покрај неговите претходни најави дека за тоа ќе причека, откако барем првично ќе се утврдат индициите за трагедијата во Тетово. Истрагата за тетовската болничка катастрофа е во тек и според сите индиции, причините се сепак од техничка природа, иако на површина излегоа низа организациски и кадровски проблеми и пропусти во начинот на кој функционирал тој ковид-центар кои не мораат да имаат директна врска со пожарот, но имаат врска со здравствената култура и во болничките и во граѓанските сфаќања на безбедноста кога се во прашање овој вид на сериозни здравствени предизвици. Впрочем, истрагата мора точно да ги утврди причините и одговорноста за немилиот настан, што го бара целата јавност во државата – а и Законот.

Но, понудената морална оставка на Филипче и дадените оставки на Хасани и раководителите на Тетовската болница нудат отрезнувачка шанса за сите нивоа на одлучување во државата, а не само во здравството, дека не треба да се следи само духот на законите и прописите, туку, буквално, и нивното слово, бидејќи трагедиите не бираат власт или партија кога ќе се случат, туку се резултат на синџир од, навидум, баналности од чие почитување зависат и човечки животи. Како во случајот со бродската несреќа во Охрид пред 10 години, поплавите во Стајковци во 2016 година или превртувањето на автобусот на патот Скопје-Тетово во февруари 2019 година, при кои загинаа или беа повредени десетици недолжни граѓани.

Што ќе прави Заев со понудената оставка?

Дилемата и не е толку голема: таа мора да се прифати, не само заради политички опортунитет – притисокот на опозицијата и на дел од јавноста – туку и заради принципите на кои постојано инсистира самиот Заев, дека во државата мора да има и морална, политичка, а не само фактичка, кривична одговорност за немили настани.

Таквата одлука на Заев сигурно тешко ќе му падне, бидејќи Филипче му е еден од најблиските соработници и во партијата и во Владата, но заевата одговорност пред јавноста не остава голем простор за одбивање на понудената оставка на Филипче. И тука нема многу што да се додаде.

Но, пред лавината од тагувања и ликувања заради овие оставки, може ли сите да се запрашаме дали дома или на работното место ни работат противпожарните хидранти по зградите, колкумина од нас имаат противпожарни апарати по домовите и дали излезите за евакуација ни се одблокирани од полиците со зимница… Тоа би била научената лекција од трагедијата во Тетово и така овие оставки би имале „повисока“ општествена смисла. Во спротивно, секоја оставка – „чудо за три дена“.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ