• Latest

Поплава ги уништи „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

March 12, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поплава ги уништи „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

March 12, 2019 10:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во поплава од пукната цевка од парно во подрумските простории на СЈО минатата недела, уништена е документација за три предмети: Империја, Триста и Шпион, а информацијата за емисијата 360 степени на Алсат ја потврдиле од Специјалното јавно обвинителство.

„Поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење, во објектот каде што е сместено СЈО протече една од цевките на тој систем. При што беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат во ова Јавно обвинителство, меѓу кои „Империја“ , „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство, документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментов се испитуваат причините за конкретниот предмет и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и процека  а вкупната штета“, се вели во одговорот од СЈО.

Предметите „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, додека предметот „Империја“ е во фаза на истрага.

Во „Империја“ обвинети се 13 лица, меѓу кои Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ и други, за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во ноември судот донесе привремена мерка за одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица Орка холдинг и Ексико, и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица Ексико и Тимох увоз извоз.

Според доказите на СЈО до тој момент, сторената штета на Буџетот на Република Македонија е од најмалку 6.275.280 евра и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра.

Минатата недела, Врховниот суд ги прифати жалбите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески, но не и на Мијалков, кој во меѓувреме доби затворски притвор до правосилноста на пресудата за Титаник 2, предмет во кој првостепено е осуден на 3 години затвор.

Но, со предлог законот за ЈО, што го усвои Владата минатата недела, СЈО станува дел од ЈО и со проширени надлежности за други дела, но бомбите ќе се користат како доказ само за истрагите кои се покренати до 30 јуни 2017 година, што е на линија со правното мислење од Врховниот суд од претходно.

На забелешките во јавноста дека на овој начин голем број од истрагите како „Попис“, „Пациент“ и „Империја“ на овој начин ќе пропаднат, од власта убедуваат дека истрагите ќе продолжат ако за нив има докази, кои не се поврзани со бомбите. СЈО сега треба да соопшти колкав дел од доказите за „Империја“ се уништени.

 

Share220TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ