• Latest

Поплавени улици, куќи, искрешни дрва, заглавени автомобили и луѓе во невремемо што го зафати Скопје

August 30, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Поплавени улици, куќи, искрешни дрва, заглавени автомобили и луѓе во невремемо што го зафати Скопје

August 30, 2022 20:42
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки, а повеќе автомобили и луѓе беа заглавени во поплавените улици.

Силниот дожд и градот го отежнуваше движењето по улиците чии коловози се под вода.

Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

Има информации за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето во Скопје

 Неколку автомобили,  од кои еден со деца беа блокирани, a уште 15 лица заглавени во едно комбе во поплавениот подвозник под стоковната куќа Мост. На двете локации интервенираа припадници на противпожарната бригада.

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме. Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.

Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.

Од Центарот за управување со кризи, пак, апелираат до граѓаните да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.

Информираат дека на телефонот 112 граѓаните може да пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории.

– На улица „Киро Крстевски“ бр. 3 пријавено е дека покрив на петкатна зграда е оштетен, и дека за тоа се известени надлежните од Општина Кисела Вода и Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, соопштуваат од ЦУК за МИА.

Веднаш по невремето на терен излегоа и интервенираме екипи на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје. Како што соопштија од  претпријатието, се чистат сливниците и шахтите заради нормална функционалност на атмосферската канализација. Со цистерни се испумпува водата од подвозниците и местата каде имаше поплави и заглавени коли.

Дел од Трговскиот центар Ист Гејт Мол е поплавен по денешното невреме, по што менаџментот донел одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените. Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, како што посочуваат, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар Ист Гејт Мол.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ