Никола Попоски поднел оставка на функцијата член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во пост на својот Фејсбук профил пишува дека останува да членува во останатите тела на партијата, но не и дали ќе поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот конгрес.
„Оставката од ИК ја поднесов поради разлики во видувањата за изборните резултати, разлики околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана“, пишува Попоски.
Додава дека останува посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.