• Latest

Поповски: Зелените вредности и екологијата се евергрин теми на кои им е потребна енергијата на младите за да заживеат

August 26, 2022
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Поповски: Зелените вредности и екологијата се евергрин теми на кои им е потребна енергијата на младите за да заживеат

August 26, 2022 18:00
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Зелените вредности се општо прифатливи, до еден момент до кој не стане збор за инвестиции. Релативно лесно можеме да ги трансформираме во правна норма, но многу потешко е да ги имплементираме во нашето општество без да формираме еден комплексен сет на активности. Има некаков тренд на соодветно адресирање на овие предизвици, но само на хартија. Не сум најзадоволен како ги практикуваме зелените вредности во нашето општество“, изјави Тони Поповски  архитект, политиколог, независен консултант, колумнист, екологист, на  панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“

„Зелениот урбанизам е специфичен предизвик, особено во Македонија и нејзините градови каде сме сведоци секој ден на предизвици што се опфаќаат во јавноста. Како што е, на пример, локацијата на поранешната локација на фабриката „Треска“. И во овој случај и во другите случаи и маме конфликт меѓу јавното и приватното. Не толку ефективно се справуваме со притисоци кои доаѓаат поради нагласени приватни интереси. Во овој контекст ни самите општините нема да можат да се справат ефикасно ако не се создаде соодветна регулатива, но најмногу ќе речам и политика врз основа на која би се презеле одредени мерки, а тоа се однесува најмногу на самите урбанистички планови. Треба да се унапредуваат урбанистичките стандарди, не само да се хармонизираме со стандардите на ЕУ, туку и да го оплемениме нашиот простор, да биде хуман и здрав за живеење и на тој начин да ги издржиме сите овие предизвици“, вели Поповски.

Доаѓа време кога треба навистина да размислиме кому му даваме поддршка и да побараме поддршка од оние субјекти, политички партии и граѓански организации кога кандидираме лица кои треба да подготвуваат и спроведуваат политики и закони, навистина треба да инсистираме на компетентност. Неопходни се компетентни луѓе, да се размисли кому даваме поддршка и да се побара одговорност од субјекти, политички партии, граѓански организации, да се инсистира на компетентност.

„Дефинитивно, со овие нови индустриски и технолошки револуции, токму помладите генерации полесно можат да излезат на крај со дел од предизвиците поврзани со информации, анализа на податоци, употреба на современи технологии… Во тој контекст искуството е битно, компетентноста, исто така, но најмногу верувам во енергијата на помладите меѓу нас. Зелените вредности, екологијата се евергрин тема.

Да имавме поголема свест во Европа, не само во Македонија, за потребата навреме да инвестираме во обновливи извори на енергија ќе бевме далеку понезависни на вакви енергетски шокови. Со овие инвестиции многу се тактизираше и кај нас. Беа минимални, можеби во последните три до четири години има одреден интензитет. Но, и Европа тешко транзитираше од политики на хартија до конкретни инвестиции во овој сектор. Затоа вакви геополитички шокови предизвикуваат вакви сериозни последици.

Во овој момент јас лично би ги насочил поголем дел од капиталните инвестиции токму во обновливите извори на енергија бидејќи е вин-вин инвестиција и може само да не направи понезависни, а притоа ќе отвори интересни пазарни сегменти, нови зелени работни места, секако со нулта толеранција за корупција и целосно владеење на правото“; заклучи Поповски.

Б. Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ