Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сé уште останува затворен за секаков вид на возила, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.