• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

Порака до идната вицепремиерка за борба против корупцијата

January 12, 2022

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Порака до идната вицепремиерка за борба против корупцијата

Знаејќи ја идната вицепремиерка за борба против корупцијата уште од времето кога беше советник во Советот на Град Скопје (пред сè, како чесен човек) во далечната 1996-2000 година, ќе се обидам во кратки црти да ѝ препорачам како и да ѝ посочам неколку мои размисли на ова поле, сè со цел, ефектот од нејзиното министерување да биде поголем и барем малку да се поместиме од дното на кое се наоѓаме.

January 12, 2022 08:00
in АНТИКОРУПЦИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ            

Повеќе од 30 години слушаме и гледаме како властите се ,,борат” со корупцијата. И наместо нешто да научиме, нешто да поправиме на овој план ние потонавме уште подлабоко. Го допревме дното. Да беше дното уште подлабоко сигурно и таму ќе допревме. Ниту една власт досега не сакаше сериозно да се бори со корупцијата бидејќи таа беше изворот и протеже на истата.

Постојано слушавме само што не отпочнала борбата против корупцијата, борба за санирање на последиците од истата. За таа цел се изнагледавме едно чудо реформи во законодавството, судството, образованието здравството и каде уште не. Видовме безброј планови и програми, а ефектот е рамен на нула. И затоа искрено се плашам дека новата вицепемиерка задолжена за борба со корупцијата може успешно да се вклопи во досегашната воспоставена матрица на однесување и дејствување на овој план.

Знаејќи ја уште од времето кога беше советник во Советот на Град Скопје (пред сè, како чесен човек) во далечната 1996-2000 година, ќе се обидам во кратки црти да ѝ препорачам како и да ѝ посочам неколку мои размисли на ова поле, сè со цел, ефектот од нејзиното министерување да биде поголем и барем малку да се поместиме од дното на кое се наоѓаме.

Значи, наместо вицепремиерката да се пушти во борба за сузбивање на последиците од дебело вгнездената корупција, потребно е ургентно и приоритетно да се впушти во беспоштедна борба во спречување на причините за досегашната и идна корупција. Мора итно да се секнат сите можни извори на корупција, а со последиците од досегашната корупција да се справуваме тековно и брзо. А тие се, како на највисоко, така и на најдолно административно ниво. Значи, за ефикасна борба против корупцијата, потребно е, пред сè, да се идентификуваат нејзините причинители, односно областите кои претставуваат корупциски ризици и да се управува со нив во смисла на стеснување на просторот за спречување на старите, но и појава на нови форми на коруптивни дејствија.

Причините за корупција треба паралелно да се бараат како на лично, така и на институционално ниво. На лично ниво, корупцијата се случува и постои онаму каде што постои „добра шанса“, каде високите функционери се под заштита и менторство на „папата“, каде што не се функционираат механизмите на контрола и каде што нема стандарди за личен етички интегритет и професионална етика.  Не смее повеќе да постои монопол во одлучувањето како и широка дискреција со отсуство на транспарентност, лишена од одговорност. Мора конечно да се „погребе“ досегашниот воспоставен (институционализиран) модел на коруптивно однесување.

На институционално ниво, причините за корупцијата се поврзани со неспособноста на државата да ги извршува своите функции, поточно со неспособноста, идиократското и индолентно однесување на речиси целиот државен апарат. Добро организиран и управуван систем подразбира едуцирана (писмена) и способна администрација сервис на граѓаните, а не извршител на желбите на нивните политички лидери.

На ова ниво на причинители на корупцијата спаѓаат и недостатоците, недореченоста и двосмисленоста на законите, неодговорноста и неказнивоста на сторителите. селективноста, можноста за дискретно одлучување и др. Затоа, законите мора да бидат логични, прегледни, децидни и јасни без т.н. „дупки во законот“ кои немилосрдно ја стимулираат коруптивната фантазија на секое ниво. Не може денес да носите закони, а во наредните два-три месеци постојано да ги изменувате и дополнувате во зависност од дневно политичките и лукративни потреби на нарачателите.

Борбата против причините за корупцијата бара не само зајакнување на етичките компетенции на вработените туку и откривање и отстранување на слабостите во организациската структура на државните институции. Не смее да постои стихијна, туку само системска борба против корупцијата.

Да се разбереме. Ниту еден закон или било каква стратегија не може да продуцира ефективни антикорупциски дејствувања доколку во едно општество не постои и модел на однесување (културен образец) за спроведување на таквата политика или стратегија. А за ова потребна е искрена желба и работа од највисоко, па сè до најниско ниво. Не може првите луѓе на партиите едно да зборуваат пред избори, а друго кога ќе доберат до функција и позиција односно да се однесуваат идиократски или пак да ги затвараат очите пред очигледната корупција.

Затоа, потребно е од прв ден да се води превентивна антикорупциска политика. Превентивната политика побарува итно нормирање на сите односи дури и на оние кои до сега не се нормирани како и нов пристап кон решавање на проблемот со корупцијата. Превентивна антикорупциска политика треба да изврши што е можно поголемо влијание и на полето на моралните вредности и истата мора да биде зајакната со сериозна репресија. Можеби некој ќе ми забележи за репресијата, но јас тврдам и стојам до ставот дека таа мора да биде неизоставен елемент на превентивната антикорупциска политика. Само доследна, сразмерна и неселективна репресија покажува сериозни и трајни позитивни ефекти како на индивидуален, така и на колективен план

Да се потсетиме дека кон крајот на минатата година Американскиот Стејт Департмент објави извештај за Македонија, во кој се изнесуваат критики за слабата и селективна борба против корупцијата главно насочена кон владините критичари и престапници од низок ранг. Затоа, треба да се почне со чистка најнапред во сопствените редови и тоа од владините функционери, судиите и обвинителите. Жално е што претходниот премиер Заев не сакаше односно не смееше да ја види корупцијата кај министрите и високите функционери во власта и нивните роднини и пријатели, туку ја најде во делот на „административното функционирање на јавните институции“. Тој не сакаше или пак не смееше да ги види и слушне кредибилните обвинувања за коруптивно однесување на многу владини министри и директори, коруптивните структури во врвот на  полицијата, обвинителството, судството и во многу други сектори. Е, така не се води борба против корупција. Така само сè повеќе се тоне во длабоката кал во која одамна сме заглибени. Оваа министерска позиција (Вицепремиер за борба против корупцијата) е кредибилна позиција која му овозможува на нејзиниот извршител да биде нов херој на балканската политичка сцена или пак целосно да се вклопи во досегашното црнило на овој план. До сопствениот избор и знаење е.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ