Полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива ни во форма ни во содржина. Оваа е пораката која ја донела во Скопје, Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре, а им ја пренесува на пратениците од поголемите групи во тет-а-тет средби.
Прв со Конве-Муре се сретна пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, кој за медиумите ја пренесе пораката на гостинката од Франција, и додаде дека реформите во ЕУ ќе завршат за брзо време. На новинарско прашање дали тие реформи и новите правила можат да го одложат добивањето на датум, Локвенец одговори со „абсолутно не“.
Арбен Зеќири