• Latest

Пораката е примена: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе направат уставни измени кога ќе дојдат на власт

March 26, 2023
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Пораката е примена: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе направат уставни измени кога ќе дојдат на власт

March 26, 2023 10:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА КРАМАРСКА

„Моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает, туку на логичен след на настаните“, рече синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5 одговарајќи на прашањето дали му прават притисоци за гласање на уставните измени.

„Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам ‘да’, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните“, беше неговиот целосен одговор на прашањето.

Голема вест е содржана во овој негов одговор. Со оваа изјава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ навести дека нема сега да гласаат за уставните измени, туку ќе ги донесат кога ќе дојдат тие на власт. Веројатно за да биде нивна заслугата за преговорите и членство во Унијата.

Мицкоски, всушност во текот на целото интервју ниту еднаш не алудираше дека внесувањето на Бугарите во Уставот е погрешна политика. Аргументите кои ги изнесува се дека уставните измени се прават под притисок и уцена на Бугарија и дека нема гаранција дека тоа ќе биде последното барање од Софија. Во неколку прилики има кажано и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара гаранции од ЕУ дека Бугарија по уставните измени повеќе нема да испорачува нови уцени. Што нема да ги добие, се разбира. Ако биде премиер ќе мора да го преземе тој ризик, и од неговите политички вештини и знаења ќе зависи дали Македонија ќе се движи успешно и ефикасно низ преговорите, или ќе влезе во ќорсокак како што влезе со Груевски за членството во НАТО.

Желбата на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во историјата како партија која е заслужна барем за еден меѓународен успех на државата е секако легитимна. Меѓутоа, Мицкоски со тоа ја става државата во ризик, бидејќи политиката е непредвидлива работа и не се знае што може да се случи особено затоа што од сега па до евентуалното устоличување на ВМРО-ДПМНЕ на власт има уште најмалку година и половина, што е долг период имајќи ја предвид турбулентната политика и во Бугарија и во Европа. Тој долг период прави од желбата на Мицкоски фатална партиска тактика која може да ја чини многу државата и нејзините европерспективи.

Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина цврсто решена да не гласа сега за уставните измени, тогаш прашањето е какви опции и преостануваат на Владата која постојано говори дека има план како да дојде до 80 гласа за внесување на Бугарите во Уставот. На прашањето како може да постои таков план кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски категорично одбива да гласаат „за“, вицепремиерот од ДУИ во Владата Артан Груби неодамна лаконски одговори: „Мицкоски не е пратеник“! Груби со тоа најави дека пратеничката група односно некои пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се оглушат на партиските инструкции и ќе гласаат за уставните измени. План што совршено функционираше при уставните измени за Преспанскиот договор, но сега е речиси неостварлив.

Тоа значи дека Владата влегува во ризичен период бидејќи ако ја започне процедурата за уставни измени а уставните амандмани бидат одбиени во Парламентот, ќе се доведе во прашање нејзиниот легитимитет што може да повлече барање за распуштање на Парламентот и одење на предвремени избори. Нешто што може и ДУИ да го поддржи, па дури и луцидниот Димитар Ковачевски може премолчано да се придружи на идејата.

Одоброволување на опозицијата не е лесна работа во ниту едно општество, особено во Македонија со толку поларизирана политичка сцена во која власта и опозицијата се на две различни планети. Владејачката СДСМ па и самата Влада, притоа, продолжуваат со отровната реторика против ВМРО-ДПМНЕ иако им се неопходни нивните гласови во Парламентот за уставните измени. Оваа реторика е крајно непримерна, за волја на вистината е и двострана бидејќи ја практикува и ВМРО-ДПМНЕ, но Владата како помоќен фактор од опозицијата, и СДСМ како владејачка партија, треба да покажат големина и да ја прекинат спиралата на ужасните меѓусебни обвинувања со ВМРО-ДПМНЕ.

На Владата и на владејачката партија е обврската да покажат поголема политичка толеранција, а тоа е и нивна одговорност како лидери на општеството кои треба да водат сметка и за атмосферата во државата. Во таква напрегната атмосфера и со секојдневни морничави соопштенија е невозможно да се водат и да се добијат големи внатрешни битки како што е таа за уставните измени. Некој ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја почнале спиралата за демонизирање на политичкиот противник, нека е и така, но важно е кој ќе ја заврши и кој ќе стави крај на конфронтирачките партиски соопштенија кои повеќе личат на крими трилери од мрачните подземја.

Конечно, повикот на вицепремиерот Маричиќ и на премиерот Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ да се придружи на масата за скицирање на уставните амандмани, налага минимум партиска пристојност во комуникацијата со опозицијата. Доколку навистина сакаат овој важен процес да го истуркаат со заеднички сили и со поделена одговорност пред граѓаните.

Во спротивно, планот да се стават уставните измени настрана до доаѓањето на следната власт и до поголемо владино мнозинство, и покрај ризикот од замрзнување на преговорите со ЕУ, може да стане поприфатлив и полесно остварлив. Во таков пресврт повеќе нема да има смисол ни противењето за предвремени избори ако тоа води кон забрзување на евроинтеграцискиот процес.


Текстот е личен став на Авторката. Објавено во НОВАТВ.МК, 24 март 2023.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ