Владата конечно ги достави на увид на јавноста имињата на 17 надворешните советници кои го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, но „заборави“ да ги објави нивните хонорари.
На списокот советници се најдоа неколку поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, обвинетите и амнестираните Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски, поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски, како и двајца поранешни директори на УБК, Љупчо Андоновски и Горан Николовски.
Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки
Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима
Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата.
Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари, кажа Мицкоски на прес-конференција.
М. Д.