• Latest
Фото: Скриншот ЈуТјуб

Поранешниот претседател на САД, стогодишникот Џими Картер ја оствари својата желба да гласа за Камала Харис пред да умре

October 17, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Поранешниот претседател на САД, стогодишникот Џими Картер ја оствари својата желба да гласа за Камала Харис пред да умре

October 17, 2024 15:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот ЈуТјуб

Фото: Скриншот ЈуТјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Дека годините не се (секогаш) важни, кога е во прашање остварувањето на сопствените демократски вредности кои биле негувани години наназад, сведочи најдолговечниот претседател на САД, стогодишникот Џими Картер, на кој по неговиот 100 ти роденен единствено важно му беше да го оствари уште еднаш своето гласачко право и како последна желба да гласа за потпретседателката Камала Харис, убеден дека таа е вистинската личност која ќе ги продолжи демоктатските вредности за кои тој се залагаше.

39-от американски претседател Џими Картер, кој на 1 октомври наполни 100 години и се наоѓа во својот дом под постојана нега од февруари 2023 година, во средата го поднесе своето гласачко ливче во отсуство, пренесува Њујорк тајмс според Џејсон Картер, внук на поранешниот претседател и претседател на Центарот Картер, во средата во СМС-порака рече дека гласачкото ливче на неговиот дедо било депонирано во судот во Америкус, Џорџија,каде роднина може да поднесе пополнето отсутно ливче за гласач . Неговото семејство рече дека тој бил желен да гласа за потпретседателката Камала Харис.

Тоа се случи едвај две недели откако Картер го прослави својот 100-ти роденден на 1 октомври во неговиот дом во Плејнс, Џорџија, каде што живееше под постојана нега.

Со недели, според семејството Картер, поранешниот претседател станувањето стогодишник го сметал за не толку важно. Наместо тоа, велат роднините, тој најмногу сакал да гласа за потпретседателката Камала Харис.

„Тој ја следи кампањата, апсолутно“, изјави Џејсон Картер на дописникот на CBS News, Марк Страсман во септември. „И знаете, кога го прашавме дали е возбуден за својот 100-ти роденден, тој рече, возбуден сум поради тоа, но навистина сум возбуден што гласам за Камала Харис. , и тој, знаете, има свои ставови“.

На Демократската национална конвенција во август, внукот на поранешниот претседател рече дека Камала Харис „го носи наследството на мојот дедо“

Неговиот син Чип Картер пред семејниот собир изјави дека неговиот татко многу го имал на ум овие избори.

„Тој е вклучен“, изјави Чип Картер за Асошиетед прес. „Го прашав пред два месеци дали се обидува да доживее 100 години, а тој рече: „Не, се обидувам да живеам за да гласам за Камала Харис“.

Секако, имаше и обид од некои корисници на социјалните мрежи, противниците на демократијата кои лажно тврдеа дека Картер гласал лично во средата, споделувајќи видеа и фотографии од поранешниот претседател во инвалидска количка кои се всушност направени на неговиот 100-ти роденден кога тој ја прослави оваа пригода со своето семејство во неговиот роден град.

Гласот на Картер ќе се смета дури и ако тој повеќе не е жив до денот на изборите на 5 ноември.

Роберт Синерс, портпарол на кабинетот на државниот секретар, истакна дека изборните правила во Џорџија велат дека кога отсутно гласачко ливче ќе го добијат локалните изборни претставници „ќе се смета дека е гласано тогаш и таму“.

Несомнено, посветеноста наЏими Картер, еден од највлијателните државници во американската историја доследно да се  држи до своите демократски уверувања и да се бори за нивно спроведување до крајот на својот живот е за восхит, и тоа не само кај приврзаниците и треба да биде пример за сите кои веруваат во подобра иднина.

Драган Мишев

Tags: Камала Хариспретседателски избори во САДЏими Картер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ