Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска го работи својот последен работен ден, додека мандатот официјално му истекува на 12 мај (недела) кога треба да ја напушти резиденцијата на Водно.
Инаугурацијата на новоизбраниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде в недела попладне кога треба со Иванов да го одбележат примопредавањето на функцијата. Пендаровски официјално започнува да работи од полноќ, односно вечерта помеѓу 12 и 13 мај.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, претходно изјави дека се надева дека најдоцна до недела Пендаровски ќе го добие решението од ДИК дека е избран за претседател на државата на 5 мај.
„Претседателе Иванов, имате уште два дена да ја исправите историската неправда кон уставобранителите. Имате полно уставно и законско право да ги ПОМИЛУВАТЕ. Вашето евентуално ново помилување, како и сите до сега извршени помилувања кои Вие под притисок на меѓународниот фактор ги повлековте, согласно меѓународното кривично право се неотповикливи и апсолутни. И Вие и сите правници знаат ДЕКА ЕДНАШ ДАДЕНО ПОМИЛУВАЊЕ Е ЗАСЕКОГАШ ДАДЕНО ПОМИЛУВАЊЕ! НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕНО, НИТУ ПОНИШТЕНО ДАДЕНОТО ПОМИЛУВАЊЕ! Неправедно ОСУДЕНИТЕ за тероризам, Македонските патриоти ЗАСЛУЖУВААТ ВИСТИНСКА ПРАВДА!“, напиша Каракамишева.
Дали Иванов последниот работен ден ќе го искористи за амнестија или сепак безгласно ќе си замине од фунцијата?
Д. М.