• Latest
Добро утро со Орданоски

Последниот час на професорката

May 6, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Последниот час на професорката

May 6, 2019 07:39
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Г[/dropcap]ордана Сиљановска Давкова и на „последниот час“ што го одржа на овие претседателски избори – нејзиниот долг и неверојатно здодевен проштален изборен говор – ефектно ги потсети сите оние кои решија да не гласаат за неа дека имале добра причина за тоа. Да победеше, професорката со своето грандиозно его ќе ја задушеше претседателската функција како што се дави некој со перница на кревет.

Таква огромна самобендисаност, заљубеност во себе, во себе и само во себе, не сме имале можност да посведочиме кај стотици други политичари во Македонија, а сме виделе разни. Разбравме дека таа е убедена дека изборите не се спроведени за државата да добие претседател, туку за нејзе да ѝ се приреди незаборавно искуство за, пред пензија, да ја запознае татковината и народот што живее во неа. И видно е воодушевена од тоа, малку задоцнето, но незаборавно туристичко доживување!

Поразот го призна, но не му ја честиташе победата на својот противник. При фер и демократски избори, какви што беа тукушто завршените, тоа е елементарна непристојност за која нема што паметно да се додаде. По таа срамота ќе се памти нејзиниот пораз.

Од друга страна, Заев и Пендаровски и во победата најдоа многу зборови за самокритичност, наспроти комплетниот автокритички молк на Мицкоски при прославата и на овој пораз. Од него чувме едно конфузно политичко пелтечење за тоа колку им е добар резултатот, колку се тие во право за сè и дека ќе победеа ако не изгубеа, ама изгубија, за што се виновни сите нечесни Македонци и не-Македонци кои гласале за власта. Дури и неколкуте „клакерски“ аплаузи во салата беа млаки, без душа, каков што е и фрустрирачкиот впечаток од изборниот резултат. Загубија дури и во Охрид и во Ново Село.

Лидерот на опозицијата и сега не разбира дека и на овие избори е поразен политичкиот концепт, тој застарен националистички модел зад кој тој и неговата партија цврсто застанаа и не испорачаа победнички резултат. Со таа политика, никогаш и нема да заслужат да дојдат на власт. Неверојатно политичко слепило, проследено со менталитет на размазено шестгодишно дете кое мисли дека тоа никогаш и за ништо не е виновно, бидејќи не го сакаат воспитувачките во забавиште. „Мрзив га учитељи“, што би рекле кумановци.

Македонија, пак, испорача добро спроведени претседателски избори, на кои победи мнозинската евро-атлантска ориентација на земјата. Има во таа агенда уште многу што да се сработи, но ова беше неопходен чекор во вистински правец. Власта сега добива време да се консолидира и да почне поефикасно да го испорачува она за што во неколку последователни наврати гласачите ѝ даваат поддршка на избори. Политичкиот наратив ѝ е сè уште победнички, но ако остане без поитни, убедливи резултати, тој наратив ќе се распадне побрзо одошто е потребното време за демократска реформа на опозицијата. Ќе биде лошо ако таа политичка и идеолошка платформа, заради сопствената политичка импотентност, сама себе се порази, без голема заслуга на оваа млака опозиција, заробена во сопствените ла-ла-бла-бла политички и персонални мистификации. Тоа е најлошата варијанта за среднорочната иднина на Македонија.

За среќа, тоа нема да се случи. Зошто? Бидејќи Заев и оваа победа никому не му ја должи, а целиот влог е преголем за да биде прокоцкан од распространетата ароганција и местимичната неспособност на луѓето од структурите на власта. Има во тој Муртинец уште енергија за победи, а времето за изговори истече.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share1582Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ