• Latest
Никица Корубин

Пост-ЕУ сигнали

September 2, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пост-ЕУ сигнали

September 2, 2022 13:15
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Драматично и трауматично, како и сè што е добро за нас, помина отворањето на преговорите со ЕУ. Одморите поминаа и траеја доволно долго, за да се заборави кој што правеше, говореше и страсно се трудеше, за почеток воопшто да нема. До толку, што за волја на вистината не и неочекувано, најголемите скептици и противници сега ќе бидат водачите и лидерите, на преговорите или глумење на истите. Зависно, што сакаме како држава, на што ќе бидеме принудени или кој, колку и дали ја научија лекцијата за нашиот пат кон ЕУ. Првите сигнали говорат дека лекцијата не е научена. Барем, не целосно.

Ама, затоа се прават јалови обиди за враќање на голема сцена, на познатиот итромански наратив, „не е битно што правиш, туку како тоа изгледа“, со други зборови „глумењето дека нешто се прави“ како замена за неможноста или отсуството на волја нешто навистина да се направи. Ама, тоа „нешто“ овој пат и во контекст на тековен скрининг, односно влезени во ЕУ правилата, многу потешко станува изводливо. Значи „правењето“ овој пат, нема да може да помине како „глумење“, туку ќе треба да подлежи на суштински промени. Реформи, ама не како еуфемизам, туку како брутално јасни и потребни. Директно и без калкулации.

Возможно? Се разбира, ама со многу жртви, и тоа жртви кај декларираните про-ЕУ промотори. Од зборови на дела, што би се рекло, само што делата некако повеќе го разоткриваат лажниот и модификуван ЕУ наратив, за потребите на „ја сакам ЕУ, ама не и нејзините правила“ отколку што го потврдуваат. И тоа ќе биде главниот лакмус во периодот што следи пред нас.

Во занесот на уште еден вештачки и изнасилен Отворен Балкан театар, каде повторно сме сведени на „трето тркало“ кое само ја одржува бесмислата на ваков политички Франкештајн, им дава легитимитет на прилично автократски, недемократски и антиевропски тенденции; на почетокот на преговорите со ЕУ, слично како и нашето врвно вино што го разводнуваме во конкуренција која тоа и не е; така и нашиот ЕУ пат симболично го почнуваме на единственото место, каде што тоа не смее да биде: кокетирајќи со минатото, идеолошки, практично и емотивно. Со други зборови, од Белград подалеку не можеме да исчекориме, или како што се слушна деновиве „нашите природни врски“. Но овој ревијален Отворен Балкан, демек „економска иницијатива“, со досега апсолутна економска нелогичност (туризам, храна, култура, мобилност), и како очигледен параван, што треба да предизвика на краток и среден рок? Ако, некој воопшто го калкулира ефектот врз нас, ама заедно со економските и политичките импликации. Или токму одржувањето во живот на Отворен Балкан е одржување во живот на нечие друго, соседско глумење?

Во меѓувреме, на пауза меѓу две тури барање можности, како уште малку да ги искомплицираме односите со Бугарија, преку систематско испитување на можноста „Ванчо Михајлов да биде забранет“, а и „сите два културни центри“, како врвен приоритет на Министерството за правда, во светло на големи, тектонски пореметувања во целиот обвинителски сектор, односно во целиот правен систем; каде што „анализите“ се сведоа на медиумско штитење, медиумски молк или медиумско шиканирање. Ама, медиумско анализирање и секакво друго, немаше. Гости во сопствената држава. Слично, како и со големата банкарска афера.

А, за сликата да ја комплетираме, синоним за зголемените трошоци ќе ни бидат „неплаќачите од Арачиново“. Само, што навистина е жалосно, со години да се манипулира и креира нетрпеливост на ист начин: Албанците не плаќаат ништо (ама никој не кажува колку придонесуваат), Бугарите со „сите два културни центри“ ќе нè бугаризираат од внатре, ама затоа Отворен Балкан се темели на „природни врски“. Зависи за кого. Но, за интересите на Северна Македонија, како европска држава сигурно не.

Пост-ЕУ сигналите, односно сигналите после официјалното отпочнување на преговорите со ЕУ, ја сигнализираат истата матрица од пред ЕУ почетокот. Слично како и третманот на отворањето на уставот и внесот на Бугарите во преамбулата на истиот. Скриена позади сите други (Хрвати, Црногорци итн.). Враќањето на сцената на наративот кој доведе до ескалација и невиден страв од ЕУ преговори, е голем сигнал.

Пред да стане факт, редно е ние да станеме кредибилен фактор. Ама, не во Отворен Балкан, туку пред сè тука кај нас, меѓу нас; затоа што поддршката за ЕУ од граѓаните, никогаш не е и не била поддршка за импровизации, калкулации и страв. Страв од промени. Структурни. И тоа е константното бегство, зарем не, без разлика какво име и да има. Време е да се соочиме самите со себе, пред некој друг да нè соочи со нас самите. Соочување секако ќе има, барем да го избереме полесниот начин за нашата перспектива.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ