• Latest

Post festum политика

September 27, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Post festum политика

Доаѓањето на нов министер е момент за промоција на нови потези во функција на остварување на зелени вредности, на спроведување на европски директиви, на одржливост на просторниот развој и сл. Тоа е момент за промоција на здрава политика.

September 27, 2020 13:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Даница Павловска Циги

Пријатно е да се слушне дека новиот министер  во Министерството за транспорт и врски кое покрива неколку извонредно важни сектори, зазема реформски курс на политиките во сферата на урбанизмот . Се очекува нешто како урбана терапија, подобрување на квалитетот на живеењето на граѓаните, градење на зелени политики, санација на состојбите. Тоа е таа очајна желба за радикални промени како: практикување на нов урбан морал или воспоставување на нови односи, нова верба, нова религија.

Неспорно, системот на просторно и урбанистичко  планирање треба да се усовршува и во таа смисла логично  е  со новиот Закон за урбанистичко планирање да дојде до  негово осовременување и иновирање.  Подвлекувајќи го значајот на тој нов Закон  со околу 400 нови ставови како и Правилникот за урбанистички планирање со околу 200 страни треба да веруваме дека сме добиле инструкции за спроведување на нова филозофија во управувањето на територијата на државата.

Но, не сме сигурни дека имаме капацитети за негово практикување што министерот никако не го спомна, а треба да го има на ум. Се работи за спор процес на учење и созревање, за полека, полека да ги досегнеме посакуваните висини. Ние оптимистички опсесивно веруваме. Она што изненадува и зачудува е ставот на министерот априори да предвидува и прифаќа постоење на бесправната градба во неговиот мандат. Законот за легализација на бесправна  градба беше еден од фокусите на неговите први јавни настапи, при што министерот како да заборава  дека самиот чин на бесправна градба е кривично дело  и пред се, како такво, треба да се третира.

Тој се задржува на извесноста на постоење на идните градители на бесправна градба а тоа најчесто е узурпација на зелените површини. Казнувањето после направеното кривично дело – бесправна градба, претставено ни е со легализација на секој квадрат по одредена цена  ( што и не е некој ригорозен казнен механизам), фактички давање легитимитет на идните бесправни објекти само со парична надокнада. Тоа е навредливо и неприфатливо. Впрочем, узурпација на простор како необновлив заеднички ресурс (каков  и да е, приватен или јавен) секако е кривично дело. Во државава постои Кривичен законик, а за негово ефикасно спроведување (во овој сегмент) можеби  треба соодветен инструментариум, но тој проблем се уредува; законите се затоа да се усогласуваат, а не да се игнорираат и саботираат.

Ова post festum  делување не е здрава политика

Постои една Виенска декларација уште од минатиот век која не обврзува да ја разрешиме појавата на бесправна градба, што претставува предизвик за целиот балкански регион и всушност еден вистински мега процес. Потребно е намалување на можноста на појава на бесправна градба со воспоставување на  системски и консултативен, и  координативен, и контролен апарат и секако, со висока свест. Обесхрабрувањето на субјектите со идни криминални намери кон просторот мора да е бескомпромисно остро затоа што бесправната градба е зло.

Доаѓањето на нов министер е момент за промоција на нови потези во функција на остварување на зелени вредности, на спроведување на европски директиви, на одржливост на просторниот развој и сл. Тоа е момент за промоција на здрава политика.

Навистина post festum делување не е ни здрава, ни храбра политика.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ