Град Скопје денеска соопшти дека почнало поставувањето паноа за бесплатно изборно рекламирање за Локалните избори 2017, на посебно определени локации.
Како што објави агенцијата МЕТА, поставувањето на паноата произлегува од законската обврска и одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје.
Според соопштението, пaноата ќе се поставуваат на вкупно 54 лоакции, во десетте скопски општини. Најмногу изборни билборди ќе бидат поставени во Гази Баба – 9, во Центар – 8, и во Кисела Вода – 7 билборди. За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања треба да достават барање до администрацијата на Град Скопје (Секторот за комунални работи), најдоцна до 25 септември 2017 година, датум кој е определен за почеток на изборната кампања.
Редоследот на истакнување на изборни плакати ќе се опредува со жрепка, посебно за секој подносител, која ќе се изврши на 25 септември 2017 година во 11 часот во Секторот за комунални работи на Град Скопје.
[divide]
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.