Пратениците почнаа да се враќаат во собраниската сала каде треба да започне седницата за уставни измени која требаше да продолжи денеска во 12 часот.
Според информациите, премиерот Зоран Заев и двајцата пратеници од Беса постигнале договор. Нивните барања нема да бидат дел од Уставот, но се очекува да бидат дел од некои идни законски решенија.
Се очекува претседателот на Собранието, да ја продолжи седницата за уставни измени. Пратениците на ВМРО -ДПМНЕ не се присутни во Собранието и нема да дадат поддршка за промена на Уставот.
Б. Ј.