• Latest

Постизборно: Кој со кого ќе игра, а кого никој нема да го игра

July 23, 2020
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Постизборно: Кој со кого ќе игра, а кого никој нема да го игра

July 23, 2020 17:26
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Откако Државната изборна комисија експресно одлучи по сите поднесени приговори од политичките партии и сите ги отфрли како неосновани, Управниот суд на неколку седници одлучува по поднесените тужби на Алијанса за Албанците и Алтернатива и на Интегра.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе две, а Интегра и Единствена Македонија по една тужба. Левица продолжи со хиперпродукција и се појави со 101 тужба.

По одлуките на Управниот суд, Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните конечни резултати и ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Конститутивна седница на Собранието се очекува најдоцна на 4 август.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ се врати на старата реторика на обвинувања на сметка на Зоран Заев дека, заедно со СДСМ, се виновни за пандемијата со Ковид-19 и големите бројки на заразени. Убедени во сопствената победа на изборите, по неофицијалните конечни резултати со 44 мандати, експресно темата со коронавирусот ја поврзаа со изборниот поткуп на СДСМ, кој според, нивната логика, најверојатно резултираше со два мандата повеќе од нив. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде доверба на Христијан Мицкоски да формира парламентарно мнозинство, а најави и „темелна анализа за изборните резултати“. Сите изборни нерегуларности партијата сега засега ги темели на два приговора упатени до ДИК, кои беа отфрлени.

Од СДСМ, пак, делуваат релаксирано, со нивниот лидер на одмор, со победничко чувство и порака до Мицкоски, преку соопштение, дека ниту може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада. Мицкоски мора да се помири со улогата на „шпицен аутсајдер“ кој, ако сака да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да бара помош од Будимпешта.

И додека Заев ужива во Љубојно, во ВМРО-ДПМНЕ се менува Статут, но и се менуваат и внатрепартиските улоги. По „победата“, самите членови „победнички“ се свртија против лидерот.

Рангелова јасно изрази неверување дека Мицкоски ќе може да формира влада и дека сега најнормално е тој да си поднесе оставка. На истиот став е Никола Поповски, поранешен министер за надворешни работи, Никола Тодоров, Сашо Мијалков… Меѓу првите оставка од Мицкоски побара кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

„Каква и да е победата, СДСМ ги доби гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство и сплотеност, за секој да може да работи правилно и слободно“, истакна Митко Јанчев во изјава за бугарската агенција БГНЕС потенцирајќи дека ќе се приклучи на промената во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ФРОДЕМ, на чие чело е Јове Кекеновски, исто така, побара оставка од Мицкоски, а потоа и Ивица Конески, поранешен градоначалник на Аеродром. Со истите ставови и реакции се приклучија и Љубе Бошкоски, Љубчо Георгиевски и други. Заедничко за сите изјави е дека, ако се потребни промени во ВМРО-ДПМНЕ, тие се возможни само без Мицкоски. Се разбира, имаше и членови што застанаа во негова одбрана. Најгласна е Рашела Мизрахи:

„Претседателе, за Вас се зборовите на големиот Винстон Черчил: Во војната решителност. Во поразот пркос. Во победата великодушност. Во мирот: добра волја! Главата горе, Македонијо!“

Се разбира, останува нејасно како Мизрахи замислува дека преку говор на омраза и црна кампања се гради мир, со која решителност влезе Моцкоски во изборната војна и дали е пркос ако она што го ветил не го исполни: оставка по поразот… Бидејќи, како што стојат работите, партијата практично му додели три мандати на Мицкоски за да ја одведе во пропаст…

Од победничката страна, постизборно, само констатираа дека вмроовските обвинувања се потврда колку Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност по здравјето и животот на граѓаните.

И за победниците има што да се каже. Интересен  е заклучокот на Сашо Орданоски во колумната „Не е проблемот до Статутот“ каде вели: „СДСМ е далеку од идеална партија за спроведување на концептот „Едно општество за сите“, но покажуваат храброст и визија да го видат нашиот свет зад балканските хоризонти. Додуша, во претходните две-три години, главно, останаа на „гледање“, со силни опструкции од досегашниот коалициски партнер. Со новата влада тоа треба уште и да се одработи, во сите сфери на општеството, таман по мерка на европските интегративни процеси“.

Иако делуваат незначајни во својот застарен систем на идеологии и радикализам кој нема никаква врска со значењето на левичарска партија, заговарајќи јавно „геноцид“ лидерот на Левица, Димитар Апасиев, само покажува колку е изместена оската на здраворазумско граѓанско размислување. Во општество во кое балансот на политичкото битисување го нивелираат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секогаш затворајќи го тој магичен круг со ДУИ, дозволувањето на радикално десничарска партија како Левица да се извлече од маргините, како трета опција, укажува на заслепеноста од сопствената борба за моќ на водечките партии. Сите три.

И додека Апасиев „сите ќе ги стрела“, како што напиша самиот, покажувајќи каква „држава за народот“ ветуваше пред изборите, интересно ќе биде да се види како Управниот суд, а потоа и другите институции ќе ја „третира“ десничарската Левица. А како, кого, од кои образложенија, јавно или тајно „Левица ќе стрела“ допрва ќе се види. Важно, никој не сака да оди со Левица, а и тие велат дека не сакаат со никого да играат.

Во меѓувреме, се очекува СДСМ да формира Влада.

Share70Tweet44Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ