• Latest

Постои еден народ…

June 23, 2018
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Постои еден народ…

June 23, 2018 11:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Постои еден народ, како и сите други, но, сепак, различен. Никој досега не успеал да му каже за тоа кој фрлил врз него клетва, за меѓу себе да си вадат очи еден на друг, да си ставаат сопки, да гледаат во туѓиот двор, а кога некој ќе погледне во нивниот, се лутат, небаре во око му брцнале.

пишува: Милан Аџиевски

Тој народ живее на Балканот, меѓу себе се нарекуваат Македонци, имаат најубави песни што ги пеат и во далечна Јапонија и Америка, но дома, во нивната Македонија, се како рогови во вреќа. Кога им се пружи можност да бидат свои на своето, ја прокоцкаа таа шанса и, сега, сите се виновни, само тие се обесправени. Што им требаше за лидери да изберат голобради момчиња, како Љубчо или Бранко…

За да се сфати овој вовед, потсетувам на основното правило: Ако сакаш да дознаеш зошто ти се случува тоа што ти се случува, погледни во огледалото и ќе ја видиш причината!

Во македонското огледало најмалку, или ич, не се погледнуваат оние што се обидуваат да нурнат во минатото и да ги видат сопствените корени кај Венетите, Дарданите, Бригите…, а не знаат каде е погребан „нивниот“ Александар Велики.

Во историјата нема само светли моменти, треба да се осознаат и темните, за да се знае кога е ден, а кога ноќ. Друг принцип е временската и просторна дистанца од она што го гледаме: кога гледаме од тлото на мајката Земја, помали сме од точка,  но кога гледаме од голема височина, Македонија е мало парче земја, речиси незабележителна. Но, големите орли виделе дека е на крстосницата на нивните профити, па решиле да ја заштитат под нивните услови, а не според желбите на Македонците. Од таму, доста препелкање во прашината на романтичната историја, затоа што светот оди со космичка брзина напред, а ние заостануваме затоа што сме свртени обратно од текот на времето!

Тој тек на времето веќе се мери во тера-бајти, во 100.000 компјутерски операции во секунда…во паметни телефони од кои претшколските деца веќе знаат повеќе од нивните родители, каде се брише националниот романтизам и се воспоставува космополитска логика, каде дечиња и момичиња повеќе го познаваат јазикот на масовните комуникации, отколку мајчиниот!

Од оние кои уште бараат светлост во минатите ери, овие дена го чув ова: „Нашето време не го добивме како наследство од нашите родители, туку го зедовме од нашите деца!“

И, никој не може да разбере дека тука е она што е точно: на нашите деца да им оставиме идно време, а не нашите минати години во темнината на национален романтизам!

Експертите за национални каузи велат дека национал-романтизмот го поматува нивниот ум, поради што тие ја гледаат само малата слика, без можност да ја видат големата. Договорот Заев – Ципрас за нив е штетен затоа што го менува името на Македонија, затоа што нẻ принудува да се откажеме од грижата за нашите сонародници што останале во соседните земји, а не можат да видат зад двете планини: Е.У. и НАТО. Кога Македонија ќе биде таму, а ќе биде ако го заслужи тоа, а не да чека нечиј подарок, тогаш границите ќе бидат избришани и ќе нема никаква пречка да се среќаваме и дружиме со сите и со секого.

Германците имаат за нас, Македонците, еден израз што објаснува сẻ: македонски состојби! (Mazedonische Verhältnisse)

Ако некој сака да осознае повеќе, нека прочита: „Херои и убијци„ – Стојан Христов, Макавеј, 2008.

Tags: иднинаисторијаколумнаМакедонциМилан Аџиевскинарод
Share26TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ