• Latest

Потпишан договор за соработка во дуалното образование меѓу СЕТУ „Михајло Пупин“ и четири нови компании од техничкиот сектор

April 23, 2021

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Потпишан договор за соработка во дуалното образование меѓу СЕТУ „Михајло Пупин“ и четири нови компании од техничкиот сектор

April 23, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Електротехничкото средно училиште „Михајло Пупин“ како училиште станува носител на дуалното образование во Северна Македонија. На голем број од учениците кои ќе се запишат во ова училиште од септември, ќе им биде загарантирано вработување во компаниите кои се поддржувачи на училиштето, изјави Димитар Ѓорѓиев, директор на СЕТУ „Михајло Пупин“ Скопје, на денешното потпишување на договор за дуално образование на училиштето во соработка со АД Електрани на Северна Македонија, ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО и МАСАК СОЛУТИОН ДОО, што ќе дадат поддршка за формирање на дуалните паралелки. Консултантската компанија ПримеПоинт Партнерс, со својата експертиза во развој на програми за надградба на вештини е вклучена во изработка на програмата за дуално образование.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на денешната прес-конференција истакна дека потребно е секој ученик да го избере своето образование според своите ануитети, амбиции и можности, но секако е значајно и родителите и учениците да погледнат што е тоа што се бара на пазарот, а денес стручното образование нуди многу побрзо вработување, како и поплатени работни места.

-Токму затоа МОН помина цел социјален дијалог во изминатите два месеци во 19 општини заедно со Стопанската комора, за која што морам да истакнам дека е значаен партнер во целиот овој процес на воспоставување на дуално образование и во повикот или во конкурсот за средно образование можете да видите 97 дуални паралелки во различни општини во коишто јасно се позиционирани компаниите каде што ќе се одвива праксата. На тој начин се создава слика каде учениците ќе одат на пракса и кој е потенцијалниот вработувач понатаму за истите тие ученици. На тој начин ќе продолжиме да ја градиме уписната политика во нашата држава  согласно реалните потреби на пазарот, но секако и согласно афинитетите на учениците, додаде министерката.

Таа најави дека Министерството за образование и наука првпат оваа година ќе понуди 2000 стипендии за 2000 ученици кои ќе се запишат на дуалните и тригодишните наставни програми во висина од 3500 денари за секој ученик, со цел да се помогне во нивниот процес на образование.

Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ посочи дека за компанијата е од исклучителна важност колку и какви кадри ќе продуцира средното техничко училиште „Михајло Пупин“. Затоа, како што вели тој АД ЕСМ се приклучи во проектот со две паралелки, односно кадри за електротехничар автоматичар и електромеханичар, што се во дефицит на пазарот на трудот.

-Овој проект е од исклучителна важност и за државата, за образованието, за нас компаниите, но најважно е за учениците коишто покрај теоретското знаење кое што ќе го стекнуваат во училишните клупи ќе имаат можност преку практична настава во центрите што ќе ги обучиме по најсовремените европски и светски стандарди да го надградат своето образование затоа што ќе треба понатаму да продолжат и да се дообразуваат на факултетите или, пак, директно да се вклучат во процесите на производство и на науката, изјави Ковачевски.

Директорот на АД ЕСМ истакна дека на слични вакви проекти, веќе подолго време соработуваат со средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, средното училиште „Таки Даскало“ и рударскиот смер во Битола, Техничкиот факултет во Битола, факултетите во Скопје и Штип и останатите образовни институции. Ковачевски додаде дека со нивна поддршка и помош ќе се зајакне образованието што за нив како енергетска компанија која е столб на електроенергетскиот систем, така образованието претставува еден од столбовите на нашето општество.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ