Во присуство на премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Фондацијата отворено општество (ФОО) Алекс Сорос денеска во Владата се потпишаа два меморандума поврзани со Стратрегијата за инклузија на Ромите.
Првиот меморандум се однесува на соработка и промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Северна Македонија и го потпишаа министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и Петрика Дулгеру од Иницијативата за економските развој на Ромите – РЕДИ. Вториот меморандум е за соработка за спроведување на итни интервенции во поликлиниката „Шуто Оризари“ и го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче, директорите на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, и Елвис Шаќири од Ромалитико – Аваја.
Премиерот Заев истакна дека со потпишувањето на меморандумите се потврдува заложбата на Владата за социјални и економски политики за поттикнување на претприемништвото на ромската заедница, како и социјално-здравствени политики за поддршка на ранливите заедници.