• Latest
Фото: МИА

Потребна е поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик, велат од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

September 25, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Потребна е поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик, велат од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

September 25, 2023 15:34
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Сметам дека целисходно и правилно би било да имаше една транспарентна постапка во носењето на измените на Кривичниот законик, каде што ќе се слушнеше мислењето на Судскиот совет, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, по потпишувањето на Меморандумот за соработка на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Целиот процес е спроведен набрзина, рече Георгиев, без притоа Судскиот совет да има свое учество и да даде мислење во однос на измените. Тој додаде дека Судскиот совет има активно учество во спремањето на новите измени на Кривичниот закон како пакет, прецизирајќи дека се работи за измени во делот на припишување на нови кривични дела.

– Сведоци сме на низа реакции во јавноста, по однос измените во Кривичниот законик, јас како претседател на Судскиот совет, наоѓам забелешка во делот на транспарентноста, имам чувство дека многу набрзина сето тоа се спроведе, без притоа да имаме свое учевство, односно да дадеме мислење како Судски совет, а со тоа се доведовме во состојба каде судиите се должни да го почитуваат законот, таков каков што е, без претходно да се анализираат сите последици, рече Георгиев.

За тоа како ќе се одразат измените во Кривичниот законик, претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски рече дека одговорите треба да ги дадат од Јавното обвинителство, бидејќи како што вели, Советот на јавни обвинители се грижи за самостојноста на работењето на јавните обвинители и не постапува по конкретни предмети за да има увид врз нив, пренесе МИА.

– Најдобро би било да одговорат практичарите, односно Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи според хиерархија, тие се оние кои ги работат предметите, оние кои најмногу можат да извадат анализа како ќе се одразат врз нивното работење ваквите измени на Кривичниот законик. Мислам дека тие можат со конкретни податоци со бројки, а ние како Совет на јавни обвинители немаме надлежност во тој дел, односно не постапуваме по конкретни предмети. Постапуваме само по претставки и поплаки, но увид во тековните предмети не вршиме, затоа би требало Јавниот обвинител да се произнесе, дали и колку ќе ги погодат ваквите измени, рече Јолевски.

Јолевски беше согласен со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, дека треба да се има поголема транспарентност при носењето на измените во Кривичниот законик и поголема вклученост на практичарите пред да се донесат законите.

-Тековно не знам како се одвиваат работите, меѓутоа сметам дека би требало да има поголема транспарентност при носењето и вклучување малку повеќе на практичарите пред да се донесат законите за изготвување на тие предлог законски решенија. Кај нас се праќаат предлози, меѓутоа овој одеше по скратена постапка и не знам колку брзо може да се видат тие предлози. Јас не видов таков текст на законот, рече Јолевски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ