• Latest

Повеќе од еден милион Украинци депортирани во Русија

May 12, 2022

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Повеќе од еден милион Украинци депортирани во Русија

May 12, 2022 12:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската комесарка за човекови права, Лиудмила Денисова, на 9 мај објави дека речиси 1,2 милиони Украинци се однесени во Руската Федерација, оваа бројка вклучува и  200 илјади деца. Додека Русите тврдат дека ги „евакуираат“ луѓето, се верува дека многумина се однесени против нивна волја или со  измама, и често се транспортирани во најнегостопримливите делови на Руската Федерација, пишува Групата за Заштита на Човековите Права од Харков.

На брифингот со новинарите, Денисова зборуваше за методите на таканаречената „филтрација“ што ги користат руските напаѓачки сили. Како што беше објавено претходно, тие вклучуваат принудување на луѓето да се соблечат за да ги проверат тетоважите со „сомнителна“ проукраинска содржина и детално испитување на контактите и содржината на мобилните телефони. Сите автоматски се прашуваат за нивното мислење за таканаречената „специјална воена операција“, како што Русија ја опишува нејзината целосна инвазија на Украина.

Оние кои „не успеваат“ во таквата филтрација, а руската ФСБ ги смета за „осомничени“ поради нивните проукраински ставови, контакти итн., се испраќаат во Доњецк или Докучаевск.  Денисова вели дека не се познати точните бројки но таа зборува за околу 20 илјади луѓе задржани во различни кампови.

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, претходно даде детали и видео снимки од два „филтрациони логори“ во селата Безимен и Козатске. Тој објасни дека околу две илјади мажи од окрузите Хулино, Мирни и Волонтеривка беа држени против нивна волја во ужасни услови повеќе од еден месец.

Оние кои се сметаат за „неверодостојни“, рече тој, се испраќаат во поранешната поправна затворска колонија во Оленивка (во рамките на „ДПР“) а тајниот затвор “Изолијација бр. 52“ во Доњецк е местото каде што ги сместуваат роднините на воени лица, поранешни членови на органите на разузнавање, граѓански активисти, новинари, како и секој што е оценет како „сомнителен“, на пример, поради патриотски тетоважи. Минималниот рок на затвор е 36 дена, со тоа што терминот е наменет за т.н. ‘филтрација’.

Просториите се преполни, со капацитети наменети за 850 луѓе каде има најмалку 3000 лица. Тие што се затворени таму немаат доволно вода и храна, а можат да користат тоалет еднаш дневно. Сето ова е додека се подложени на повеќечасовно испрашување; тортура; закани за егзекуција и обиди да се принудат да соработуваат. Некои имаат среќа и се ослободуваат по 36 дена, откако биле принудени да потпишат какви било документи што се ставени пред нив. Изворите на Андриушченко не можат да кажат какви се тие документи, но се претпоставува дека станува збор за согласност за соработка. Тој забележува дека има огромен број случаи каде што луѓето едноставно исчезнуваат по сослушувањето, а се зборува дека тие биле испратени во уште полоши затвори, вклучително и “Изолијација“. Поранешните затвореници го нарекуваат концентрационен логор и дадоа ужасни извештаи за тортурата врз мажите и жените.

Всушност, непосредно пред целосната инвазија, Русија и нејзините полномошници во Донбас најавија целосна „евакуација“ во Русија на сите жени, деца и постари лица од таканаречените „народни републики Доњецк и Луганск“.

Во областите што Русите ги нападнаа во 2022 година, ситуацијата е сосема поинаква. Има значителни докази дека луѓето биле собирани (како што вели Денисова, дури и од подрумите каде што се криеле од бомбите) и однесени со автобуси. Дури и ако некои се согласеа да одат, тоа било единствениот начин да се преживее.

Денисова известува дека се формира меѓународна комисија со учество на правобранители за човекови права во земјите кои ги делат границите со Русија.

На 12 април, градските власти на Мариупол објавија „покана“ издадена од Русите со цел да ги натера жителите на Мариупол да се населат во Сибир, Сахалин или други места каде Русија има тешкотии да најде луѓе за работа. Тие забележаа дека Русија прво уништува успешен и топол град на Азовското Море, а потоа ги вози жителите во Сибир или Сахалин да работат како евтина работна сила. „Па, како ова се разликува од политиката на Хитлер?“, праша Денисова.

Различни украински и западни медиуми разговараа со луѓе кои или самите биле однесени во Русија против нивна волја. Весникот „Inews“ со седиште во Велика Британија на 7-ми мај објави дека открил мрежа од 66 кампови во кои Русија испратила преживеани од Мариупол. Студијата, спроведена од Дин Кирби, зборуваше за илјадници Украинци кои се „испратени во оддалечени кампови до 5.500 милји од нивните домови.

Подготви: Жорж Димовски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ