• Latest

Повик за будење на европската безбедност: ЕУ и НАТО се подготвуваат за „голема експлозија“ во одбраната

January 18, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Повик за будење на европската безбедност: ЕУ и НАТО се подготвуваат за „голема експлозија“ во одбраната

January 18, 2025 10:58
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Обраќајќи им се на европратениците во понеделникот, шефот на НАТО, Марк Руте, инсистираше дека Европа треба масовно да ги зголеми трошоците за одбрана.

– Сега сме безбедни. Може нема да бидеме безбедни за пет години – рече тој.

Поранешниот холандски премиер предупреди дека прагот од два отсто од бруто домашниот производ (БДП) „не е воопшто доволен“ за алијансата да се соочи со сѐ поголемата опасност од Русија и рече дека земјите на НАТО можеби ќе треба да потрошат на одбрана 3,6 до 3,7 отсто од својот БДП за се спротивстават на заканите.

Руте, откако беше премиер на Холандија 14 години, од октомври ја предводи Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), силната воена алијанса од 32 нации.

Целосната инвазија на Москва врз Украина во февруари 2022 г. беше протолкувана како повик за будење на Европа и нејзината недоволно финансирана одбранбена индустрија, запоставена долги години по крајот на Студената војна. Но, иако оттогаш земјите си ги зголемија воените буџети и ЕУ вложи голем напор да ја забрза индустријата, производството на оружје во Европа сè уште заостанува далеку зад руското.

Конкретно, Руте ја повика Европската Унија да не ги попречува компаниите од земјите-членки на НАТО што не се членки на ЕУ да учествуваат во нејзините напори да си ја засили одбранбената индустрија.

Уште на една конференција организирана од аналитичкиот центар Карнеги Европа во Брисел во декември, Руте ги имаше повикано сојузниците да ги зголемат трошоците на армијата и да се преориентираат на „военодопски начин на размислување“ за да избегнат нов конфликт на нивната територија.

– Тоа што се случува во Украина може да се случи и тука. И без оглед на исходот од оваа војна, нема да бидеме безбедни во иднина ако не сме подготвени да се соочиме со опасноста – рече Руте на конференцијата.

„Големата експлозија“ во одбраната на Европа 

Руте ја повторуваше поентата на првиот досега еврокомесар за одбрана, Андриус Кубилиус, кој во една објава на социјалните мрежи во саботата повторно побара „Голема експлозија“ во одбраната.

Притисокот за посилна европска одбрана беше засилен од барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп до членките на НАТО да ги зголемат одбранбените трошоци на пет отсто од БДП, подвлекувајќи ги неговите долгогодишни тврдења дека недоволно плаќаат за заштитата на САД.

Трамп веќе долго време е скептичен кон НАТО, камен-темелникот на европската безбедност од Втората светска војна па наваму, а минатиот месец ја повтори познатата закана дека ќе ја напушти алијансата доколку нејзините членки не ги зголемат трошоците.

Трамп ќе ја преземе власта речиси три години по руската инвазија додека уморната украинска војска се бори да остане на фронтот. Шефицата на надворешната политика на ЕУ, Каја Калас, минатата недела повтори дека се надева оти Соединетите Држави ќе ја продолжат поддршката на Киев – но ако не, Европа е подготвена да го преземе водството.

Во саботната објава, еврокомесарот за одбрана Кубилиус посочи графикон објавен од неделниот магазин Економист што ја прикажува местоположбата на 27-те земји-членки на ЕУ според нивната оддалеченост во километри од Русија и уделот во нивниот БДП на трошоците за одбрана во 2023 година.

Според графиконот, земјите како Ирска, Португалија и Шпанија потрошиле најмалку, додека тие блиску до Русија како Естонија и Полска потрошиле најмногу.

Во 2023 г., НАТО го постави минималното ниво од два отсто од БДП за одбранбени трошоци, бидејќи руската војна во Украина го имаше освестено воениот сојуз дека треба да си го зајакне источното крило и да ги зголеми трошоците.

Повеќето од нејзините 32 членки би требало да ја достигнат целта од два отсто за 2024 г., но некои сè уште се мачат со ова, според проценките на НАТО.

Дупки во проценетите одбранбени трошоци на НАТО 

Полска и Естонија предничат на списокот, со проценети неверојатни 4,12 отсто и 3,43 отсто од БДП, според проценките на НАТО за одбранбените трошоци како удел во БДП од средината на јуни 2024 г. Веднаш по двете членки на ЕУ следуваат САД (со 3,38 отсто).

Данската премиерка Мете Фредериксен се согласи со ставот на шефот на НАТО Руте дека земјите на НАТО можеби ќе треба на одбраната да трошат повеќе од сегашната цел. Иако Данска веќе ја има надминато целта со проценети 2,37 отсто од БДП за 2024 г., Фредериксен рече дека Данска „ќе си го обновува вооружувањето уште повеќе, што ќе биде скапо“.

Германија, најголемата економија во Европската Унија, за одбрана одвоила 2,12 отсто од својот БДП, според податоците на НАТО. Во ноември, германскиот одбранбен гигант „Рајнметал“ и Литванија потпишаа договор за изградба на фабрика за муниција вредна 180 милиони евра што ќе произведува артилериски гранати во Литванија, која е членка на ЕУ и НАТО, и се граничи со Русија.

Со проценети 2,18 отсто за 2024 г., и Бугарија ја надминала целта на алијансата. Министерот за одбрана Атанас Запријанов уште во октомври изјави дека во Бугарија има сѐ поголем консензус околу потребата да се зголемат трошоците за одбрана додека не достигнат 2,5 отсто од БДП.

Слично, според проценките на НАТО за 2024 г., соседна Северна Македонија одвоила 2,22 отсто од својот БДП за одбраната.

Чешкото Министерство за одбрана соопшти дека и Чешка ја исполнила обврската од два отсто минатата година. Според проценките на НАТО за 2024 г., земјата потрошила на одбраната 2,10 отсто од својот БДП.

Чешкиот претседател Петр Павел минатата недела рече дека е реално да се очекува трошоците до 2030 г. да се зголемат на три отсто од БДП. Сепак, во интервју за Чешкото радио, тој истакна дека трошоците за одбрана треба да се резултат на оправдани потреби, засновани на безбедносни закани, наместо да бидат расправии околу проценти, за кои рече дека водат кон погрешни заклучоци.

Земјите што заостануваат зад целта од два отсто се Шпанија (1,28 отсто), Словенија и Луксембург (1,29 отсто), Белгија (1,30 отсто), Канада (1,37 отсто), Италија (1,49 отсто), Португалија (1,55 отсто) и Хрватска (1,81 отсто).

Португалскиот министер за одбрана Нуно Мело минатата недела тврдеше дека се стреми да ја достигне целта до 2029 г., што „не значи дека целта не може да се смени по пат, зависно од околностите“. Во декември, премиерот Луис Монтенегро рече владата „ќе се обиде да одвои средства за сите области, вклучително и за одбраната“.

Словенија, иако не ја достигна целта, го има значително зголемено планираниот одбранбен буџет. Во буџетот за 2025 г. се издвоени над 1,2 милијарди евра – за една петтина повеќе од лани – а за 2026 г. се планирани повеќе од 1,3 милијарди евра.

Меѓу предлозите за тоа како да се зголемат одбранбените трошоци се најде и идејата на некои земји од ЕУ, меѓу кои Франција и Естонија, блокот да користи заедничко задолжување за да ги финансира трошоците за одбрана, слично на финансиските мерки што ги презеде Европа за да закрепне од пандемијата на Ковид-19. Но, други земји, како Германија и Холандија, се против ваков потег.

Грција, која одвоила извонредни 3,08 отсто од БДП според проценките на НАТО за 2024 г., се залага за формирање фонд во рамките на ЕУ за финансирање на заедничките одбранбени трошоци. Во декември, премиерот Киријакос Мицотакис – кој поддржа иницијативи за еврообврзници за одбрана – рече дека за ова ќе биде потребно „мобилизирање европски средства“ и „создавање европски одбранбен фонд“.

Состанок за одбраната на ЕУ

Лидерите на ЕУ ќе се сретнат на неформален состанок во Шато де Лимонт, во внатрешноста на Белгија, на час оддалеченост од Брисел, на 3 февруари. Ќе разговараат за тоа како да ѝ се даде засил на европската одбрана.

– Европа треба да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана – напиша претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во писмото во понеделникот во кое ги кани шефовите на држави и влади на ЕУ да присуствуваат на состанокот.

– Верувам дека го делиме истото мислење за заканите со кои се соочува Европа – рече тој, додавајќи дека руската агресија против Украина значи враќање на „интензивна војна“ на континентот среде напливот закани од хибридни и дигитални напади против земјите членки на ЕУ.

Кошта ги покани на состанокот и шефот на НАТО Марк Руте и британскиот премиер Кир Стармер.

Разговориве се случуваат во клучен момент, во време кога најголемите поддржувачи на Украина, Велика Британија и ЕУ, претпазливо ги слушаат ветувањата на новоизбраниот американски претседател Трамп дека ќе му стави брз крај на конфликтот откако ќе дојде на власт на 20 јануари.

Состанокот во февруари се планира да придонесе кон информативен документ (таканаречена „Бела книга“) за иднината на европската одбрана, со тоа што темата повторно ќе се разгледува на лидерскиот самит на ЕУ во јуни.

Извор: МИА / Фото: ЕНР/ДПА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ